Неодоливи грицки во кои можете да си ставите зачини по свој вкус, оние кои вие најмногу си ги сакате. А исто така, од една доза излегуваат толку многу, па можете да направите и микс од различни вкусови. Она што е најважно – точно знаете што ставате внатре, а грицките се 100% домашни и без адитиви.

Потребни состојки: 500 г брашно, 1 сув квасец, 100 мл масло, 200-250 мл вода, 1 лажичка сол + за наросување, а од зачини колку сакате и какви сакате: мелено ленено семе, сусам, ким, црвена слатка пиперка во прав или лута пиперка во прав… комбинации има многу.

Постапка: Од наведените состојки замесете малку тврдо, но не претврдо тесто. Јас ги наведов зачините кои ги додадов во тестото, а вие можете да ставите што сакате по ваш вкус. Тестото не треба да го оставате да стасува, туку веднаш поделете го на неколку помали топчиња.

потребни состојки

Од секое топче направете валјаче, па потоа со помош на кујнски ножици сечете цик-цак мали грицки и ставајте ги директно во плех обложен со хартија за печење. Убаво распоредете ги, иако се куп и ги има многу, нека не бидат едни преку други, туку во еден ред за убаво да се испечат.

во брашното додајте квасец и промешајте, а водата додавајте ја постепено

Пред да ги ставите да се печат уште еднаш малку посолете ги (за да бидат солени, нели, но не претерувајте), а рерната загрејте ја на 200 степени. Кога доволно ќе се загрее ставете ги квиките да се печат околу 10-15 минути до посакуваната боја. Еднаш или двапати можете да ги промешате за рамномерно да се испечат. / Coolinarika.com

додајте масло и сол, па убаво замесете

Погледнете го видео рецептот на Марко Стрижак од „Како да се готви“ – Домашни квики грицки со вкус ист како на купечките. оригинал би биле кога би се пржеле во врело масло, но тоа е малку помасна верзија и понездрава, па затоа грицките е најдобро да се испечат во рерна.

месете цело време со рака додека да добиете компактно тесто
треба да биде умерено тврдо и не треба да стасува

Врз хартијата премачкјате малку масло, па кога ќе ги наредите малите сечени парчиња од тесто уште еднаш премачкјте ги со масло и на тој начин ќе го добијат оној „грицкав“ вкус. За подготовка на грицките потребно се следните состојки: брашно, квасец, вода, масло, сол и ким.

поделете го тестото на онолку делови колку што сакате да добиете различни вкусови
во еден дел додајте пропжен ким (оригинален вкус), а во друг дел пропжен сусам и пипер во прав
добро соединете ги состојките

За оригиналниот вкус на квиките се користи зачинот ким кој најдобро е претходно малку да се пропржи во сува тава, околу 3-4 минути додека да започне да потпукнува и да го ослободува карактеристичниот мирис. Оставете го да се олади. Во тестото може да ставите и суса или други зачини по ваш вкус.

тестото треба да се меси уште некоја минута

Постапка: Во брашното (500 г) додајте го сувиот квасец (една кесичка) и промешајте. Постепено започнете да додавате вода, од 200 до 250 мл вода. Не ја додавајте одеднаш целата вода туку постепено, бидејќи треба да добиете густо и малку потврдо тесто.

во видеото на Марко направија две теста

Промешајте и во тестото додајте 100 мл масло и лажичка сол. Убаво замесете го со рака додека да се соединат сите состојки, а потоа тестото доработете го на работната површина. Може да приготвите и помала количина доколку сакате, но верувајте квиките се превкусни, а можат да стојат цела седмица без да го промеат вкусот.

кинете мали парчиња и со дланките развлекувајте долгнавести валјачиња-стапчиња

Откако ќе го измесите тестото (околу 5 минути месење) тоа ќе стане компактно и мазно. Одвојте малку или половина, па малку сплескајте го и во него додајте го изладениот (претходно пропржениот) ким, па повторно уште малку измесете за да се распореди семето внатре во тестото.

треба да бидат потенки
…еве вака

Во вториот дел додајте сусам кој исто така претходно малку сте го пропржиле и сте го оставиле да излади и димена пиперка во прав (по избор). Добро измесете го тестото за рамномерно да се распоредат зачините и семето. Тестото не треба да се остава да стасува.

потоа со ножички сечете ги со ножици цик-цак
хартијата за печење малку намастете ја
а потоа и квиките одозгора малку намастете ги со четка
печете ги 10-тина минути во загреана рерна на 200 степени

Потоа од тестото кинете мали парчиња и правете тенки валјачиња како стапчиња. Потоа сечете ги цик-цак прижближно да ви бидат еднаква величина сите квики. Распоредете ги врз намастената хартија и уште еднаш одозгора поминете ги со четка натопена во малку масло.

квики

Наросете ги со сол и ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се печат 10-тина минути, потоа извадете ги, протресете ги, малку промешајте ги, пробајте ги и вратете ги а ко е потребно да се допечат уште некоја минута. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

квики