Домашни крем бананчиња, вкусот е речиси оригинален, ви советувам да ги пробате. Брзо се приготвуваат а вкусот е речиси идентичен како купечките крем банани!
Потребни состојки за смеса: 600 г шеќер, 30 г (3 кесички) желатин, 300 мл вода, 1 екстракт од банана. За прелив: 150 г чоколадо, малку путер, малку масло
Постапка: во тенџере ставете 200 мл вода со 600 г шеќер, па ставете на оган и варете ја смесата околу 4-5 минути додека убаво да се растопи шеќерот. Потоа, во посебен сад ставете 100 мл вода и во него потопете го желатинот. Оставете го да набубри.
Сирупот од растопениот шеќер претурете го во некој пластичен сад, а овде додајте го и набубрениот желатин. Добиената смеса матете ја со миксер најмалку 15 минути додека да стане густа. Ова е најтешкиот дел всушност доколку немате статичен миксер.
Кога ќе се згусне смесата додајте го екстрактот од банана и уште малку изматите. Ако сакате уште посилен вкус, тогаш додајте два екстракта.
Добиената смеса излејте ја во плех или калап претходно намастен со малку масло. Кога ќе се олади и стегне (најдобро е да ја оставите реку ноќ во фрижидер), исечете на коцки и прелијте одозгора со чоколадна глазура. Колачот може да се прелие и пред сечењето. / Jelenasa / Сооlinarika.com
II РЕЦЕПТ ДОМАШНИ КОЦКИ ЧОКО-БАНАНИ
Да се долови рецептот за чоко бананчиња и да се направат домашни, според мене е вистинско задоволство. Првиот пат го зрешив рецептот и сè отиде во канта за ѓубре … но искуството добро ми послужи за вториот вториот пат и мислам дека конечно успеав да најдам сооднос кој ќе им даде убава полна пена на бананите. Тие излегоа речиси еднакво исто како и купечките, со тоа што јас ги исеков на коцки …
Потребни состојки: 30 г желатин, 300 мл вода, 400-500 гр шеќер во прав, 5 лажици арома на банана. За глазура: 250 г чоколадо, 125 г маргарин, 6 лажици масло
Постапка: ставете го желатинот во 100 мл вода и оставете го да набубри. Додајте шеќер во преостанатите 200 мл и ставете на оган додека да проврие шеќерот да се растопи. Потоа, додајте го набубрениот желатин и варете додека и желатинот да се раствори. Тргнете го садот од оган и додајте ја аромата од банана.
Матете ја смесата со миксер околу 15-20 минути додека убаво да згусне. Добиената смеса излејте ја во малку намастен калап и оставете го преку ноќ во фрижидер да се стегне добро.
После тоа, ги сечете на штангли или коцки, како ви е полесно и подготвувете ја глазурата од чоколадо, маргарин и масло. Сите состојки ставете ги во некој сад и загревајте ги на пареа додека да се растопат и соединат. Кога малку ќе се подизлади, прелијте го колачот. / betjo / Сооlinarika.com