Не мора да бидете експерти во кујната за да ги направите овие бајадери.
Потребни состојки:
9 лажици вода
200 г шеќер
150 г мелени ореви, бадеми или лешници
250 г мелени бисквити
170 г путер
100 г чоколадо за готвење
За глазура:
100 г чоколадо за готвење и малку масло
Постапка:
Во еден сад додадете вода и шеќер и загрејте на тивко додека да се растопи шеќерот. Додадете путер, тргнете од оган и мешајте додека да се растопи. Кога путерот ќе се растопи додадете ги оревите и бисквитите, а потоа мешајте додека да добиете густа изедначена смеса.
Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Чоколадото растопете го на пареа и измешајте го со првиот дел од смесата. На тацна ставете масна хартија за печење и чоколадниот дел нанесете го, па со раце обликувајте правоаголник, а горниот дел и аглите обликувајте ги со нож.
На ист начин врз него нанесете го и белиот слој. Остатокот од чоколадото растопете го на пареа со малку масло и рпелијте ај бадајерата.
Бајадерата оставете ја во фрижидер да се стегне добро, а следниот ден исечкајте ја на коцки и послужете.