Торта со јагоди, со најубавото шумско овошје, се прави брзо и едноставно, а вкусот е врв. Не очекував толку добар резултат, идеална е за топлите летни денови бидејќи освежува и не бара макотрпна работа во кујната.
Потребни ви се неколку состојки да ја подготвите, а веројатно некогаш во животот сте правеле ваква слична торта. На постарите домаќинки им се познати овие рецепти кои убедливо се од тие што се јадат до крај. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г јагоди плус 4-6 јаготки за декорација, 400 мл неутрална павлака, 150 г кондензирано млеко, 4 бисквити. Рецептот за кондензирано млеко може да го прочитате ОВДЕ.
ПОСТАПКА: Кондензираното млеко направете го претходно, а за него ќе ви бидат потребни путер, млеко, ванила, зовриена вода и шеќер. Постапката е наведена во линкот погоре.
Јаготките убаво измијте ги и од нив пресечете го зелениот дел (на 5-6 јаготки). Сечете ги на тенки листови колку што можете потенко, за што е потребно да имате остар нож. Во еден огноотпоред или друг сад поставете проѕирна фолија и повторувајте го процесот кој е прикажан на видеото подолу.
Поточно јагодите е потребно да ги „лепите“ по страните на садот, а потоа редите и по еден слој во средина на дното. Во зависност од големината на садот, определете колку јагоди ви се потребни. Останатите јагоди изгмечете ги во рачен блендер или обичен блендер додека да се направи фина каша без остатоци од овошјето.
Изматете ја неутралната павлака со помош на миксер во цврст шлаг, а потоа во неа измешајте го кондензираното млеко. Продолжете да матите со миксерот додека состојките убаво да се соединат. Во кашата од јаготки додајте половина од кремот за матење и убаво изедначете со шпатула.
Останатата половина од изматемиот шлаг со кондензирано млеко внимателно ставајте ја на дното на садот и убаво измазнете. Од оваа смеса сочувајте уште неколку супени лажици. На средина излејте ја кашата со јагоди, а потоа со помош на лажица исполнете го садот со останатата бела смеса.
Со оваа смеса не треба да размачкувате насекаде, потребно е да ги оставите двобојните кремови да се гледаат на средина од тортата. Останатата бела крема премачкајте ја врз целата торта и добро измазнете.
На површината на тортата наредете 4 големи бисквити или колку што е потребно за да се покрие кремот од тортата. Бисквитите можете да ги кршите и сечете за да ја исполните површината на тортата.
Завиткајте ја тортата во проѕирна фолија и ставете ја во фрижидер да се стегне најмалку 2 часа. По изминатото време, превртете ја на работна маса за бисквитите да бидат одоздола. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.