Маста се приготвува од едноставни состојки кои во кујната ги има речиси секое домаќинство. Рецептот е многу делотворен и помага веќе после првото нанесување. Рецептот е одамна познат во руската народна медицина.
На сите ни се познати болните сензации во зглобовите. Обично болката ја чувствуваме во колената, рамењата, колковите, лактите…
После 40-тите години веруваме дека тоа е пропратна појава на страеењето. Но што доколку болките се појават во 25-30 години?
Како причини најчесто се наведуваат вишокот килограми и недоволна физичка активност, различни трауми, фрактури, артритис, реума…
РЕЦЕПТ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА БОЛКИТЕ ВО ЗГЛОБОВИ
За приготвување на лековитата маст потребни ви се мед, лут сенф, сол и сода бикарбона.
Потребни состојки:
1 лажица мед
1 лажица лут сенф
1 лажица сода бикарбона
1 лажица морска или хималајска ситна сол
Постапка:
Сите состојки добро измешајте ги во хомогена смеса. Складирајте ја во соодветно кутивче или некоја друга амбалажа.
Примена:
Болното место добро намачкајте го со оваа маст и направете облога, односно фиксирајте со најлонска кеса и врзете го зглобот со волнен шал.
Оставете да делува 1,5-2 часа. Постапката е најдобро да се применува пред спиење, за да може згобот да мирува. Следниот ден кога ќе станете од спиење, облогата измијте ја со млака вода.
Третманот повторете го 5-5 денови по ред, а ефектот ќе го почувствувате уште после првата процедура. Потоа користете по потреба. Маста се чува во фрижидер.