Сокот има одличен освежителен вкус, а оваа количина на шеќер е доволна, но доколку сакате вие може да додадете или одземете по вкус. Има долг рок на траење.
Потребни состојки: 5 кг неисчистени праски (со семки), 1,5 кг шеќер, 4 лимонтуси и 12 литри вода. Постапка: Праските измијте ги убаво под млаз ладна вода, па со остар нож излупете ги и извадете ги семките. Ставете го блендер со малку вода (одземете од тие 12 литри) и измиксајте во еднолична смеса.
Смесата од мелени праски излејте ја во поголем сад, додадете лимонска киселина и вода, да биде вкуспно 12 литри. Ставете на умерен оган, па од моментот кога ќе зоврие треба да се вари 15 минути. Сварениот сок веднаш треба да се складира во загреани и стерилизирани шишиња.
Шишињата веднаш се затвораат и се завиткуваат во некоја ткаенина, каде треба да останат до ладењето. Вака приготвениот сок може да се чува во текот на цела зима без да се расипе. Пред послужување најдобро е сокот добро да се разлади.
Coolinarika.com