Домашен сок од морков и јаболко, енергетски напиток…Поздрав избор отколку купечкиот…
Повкусно и ПОЗДРАВО од купечките, зашто вие знаете што сте ставиле и како сте го направиле…
Се готви на многу ниска температура, така што голем дел од витамините се сочувуваат, а каротинот се активира и полесно го апсорбира организмот. Еве што ви е потребно за да приготвите овој сок:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг јаболка
1 кг моркови
1 или 1,5 кг шеќер
15 литри вода
20 г лимонтус (лимонска киселина)
ПОСТАПКА:
Измијте 5 кг јаболка, исчистете ги и исечете ги на мали парчиња. Гответе 10 минути. Истиот процес со 1 кг моркови, варете 20 минути. Процедете ги јаболката и морковите.
Изблендирајте ги морковите и јаболката, додајте малку од течноста во која се вареа. Соединете сè во водата во која се варени јаболката и додајте уште малку вода за да добиете вкупно 15 литри.
Отстранете ја пената и варете 15 минути. Додајте 1,5 кг шеќер и 20 г лимонска киселина. Складирајте го топлиот сок во стерилизирани, топли стаклени шишиња. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
Еве зошто мешам 1 кг моркови со јаболка…Вакво нешто не може да се најде в продавница и ретко кој го прави, а многу вреди…РЕЦЕПТ – ОВДЕ.