Сладоледот со вкус на јагода за многумина е омилениот вкус. Меѓутоа, на сите ни е познато денес дека во индустриски произведените сладоледи има сè, само јагоди нема. Затоа, доколку сте и вие љубител на овој вкус, запишете си го рецептот кој е супер лесен и едноставен.

сладолед со јагоди – рецепт 1




Се приготвува од само три состојки, а до сладењето ќе ве двојат само два часа колку што е потребно тој да се олади во фрижидерот. За сите оние кои повеќе го преферираат традиционалниот начин на подготвка кој го применуваа нашите мајки и баби, вториот рецепт ќе го прочитате подолу. Еве што ви е потребно:

сладолед со јагоди – рецепт 2




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): 500 мл слатка павлака, 150 г кондензирано млеко, 100 г јагоди.

*Рецепт за домашно кондензирано млеко за 5 минути прочитајте ОВДЕ.

ПОСТАПКА: Ладната слатка павлака изматете ја со миксер додека да добиете крем. Во изматената павлака додајте 150 г кондензирано млеко и повторно изматете додека да се соединат.




Настрана измијте и исчистете 100 г јагоди, па ситно исечкјате ги и додајте ги во кремот. Измешајте со лажица или шпатула додека рамномерно да се распоредат, а потоа смесата претурете ја во соодветен сад и ставете во замрзнувач два часа.

Деталите погледнете ги ОВДЕ. Еве го и вториот одличен рецепт со кој можете да приготвувате и торти – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г свежи јагоди, 2 кесички ванилин шеќер, 4 лажици сок од портокал, 2-3 лажици багремов мед (светол), 250 мл оризово (или обично) млеко




ПОСТАПКА (рецепт 2): Испраните јагоди исечете ги на четвртини и помешајте ги со ванилин шеќер и сокот од портокали. Ставете ги јагодите во електричен блендер, добро изитнете ги, па додајте медот и млекото.




Добро изматете додека да добиете изедначена смеса. Претурете во соодветен сад и оставете во замрзнувач најмалку 4-5 часа. Пред да ја ставите смесата на замрзнување, можете да додадете уште 100 г ситно исечкани јагоди. Можете да направите и сладолед торта со јагоди за само десет минути:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 3): 1 кг шлаг + 1 литар газирана вода за матење на шлагот (може да користите само 1 литар слатка павлака), 2 чаши кисела павлака (од 180 г), 2 кутии мелени Плазма кекси (или по потреба), 2 кутии замзнати јагоди или малини (или по потреба)




ПОСТАПКА: Прво шлагот изматете го со газираната вода и направената смеса поделете ја на три еднакви дела. Во првиот дел додајте ги киселите павлаки, измешајте и додајте ги мелените кекси.




Оваа смеса треба да биде погуста и затоа распоредете ја врз десертна чинија и обликувајте ја како основа на тортата.

Во вториот дел додајте ги јагодите или малините, промешајте и распоредете врз првиот слој од кекси. Одозгора распоредете го третиот слој (шлагот). Пред послужување добро изладете во фрижидер или 1-2 часа во замрзнувач.