На наше големо задоволство, овој рецепт ни го испрати нашата редовна читателка г-ѓа Татјана Митрова. Сирупот се подготвува во домашни услови и особено е погоден за помали деца кај кои исфрлањето на слузот е отежнато.
Потребни состојки:
1 лажица жалфија
1 лажица ленено семе
1 лажица бел слез
1 лимон исечкан на кругови
250 г шеќер
250 мл вода
Постапка:
Водата и шеќерот се ставаат на оган да зоврие додека шеќерот да се растопи. Се додаваат останатите состојки, а огнот се намалува на тивко. По 15 минути се трга и се процедува.
Се пие трипати дневно по една супена лажица, додека да се смири кашлицата.
Сирупот се чува во фрижидер.