Рецептот за оваа мешавина за зајакнување на имунолошкиот систем е веќе доста познат кај народот и доста се пишува за него, но тоа не ги намалува неговите заслуги. Дали често настинувате и многу лесно сте подложни на вируси? Дали стра-дате од хроничен замор и често сте поспани? Тогаш веројатно имате слаб имунитет.
Во тој случај, покрај редовното вежбање и здрава исхрана, имунитетот можете да го зајакнете со помош на овој витамински коктел. Рецептот за оваа мешавина за зајакнување на имунолошкиот систем е веќе доста познат, но и многумина го применуваат, но, да не го заборавиме и да се потсетиме на него.
Кога ќе ја испробате „теглата здравје“, ќе бидете изненадени колку брзо ќе се врати вашата виталност, а за време на сезонските настинки, кога е студено или променливо времето, сите болести ќе ве заобиколат!
Потребни состојки: 400 г мед, 3 сочни лимони (по можност органски), 2 корења од ѓумбир (околу 250 г)
Постапка: изрендајте го ѓумбирот. Исечете го лимонот на парчиња, отстранете ги семките и ставете го во блендер, заедно со кората и добро сомелете го.
Некои во оваа смеса ги додаваат и семките, но само во случај на органски лимон кога сте сигурни дека истиот не бил прскан или третиран со некакви хемикалии (во семките се концентрираат тие супстанции).
Ако лимонот сте го купиле, но сепак сакате да ги искористите сите бенефити од неговата кора, тогаш оставете го да отстои во раствор од вода и сода бикарбона, па добро истријте ги лимоните и измијте ги со ладна вода.
Потоа, во блендерот додајте го и ѓумбирот и заедно со лимонот продолжете да ги миксате. На крај, во смесата додајте го медот, кој најдобро е претходно да го растопите: теглата мед ставете ја во топла вода.
Употреба: секое утро од смесата додавајте по една лажичка во топла вода или чај и пијте. Набрзо ќе ги забележите резултатите. Погоден е и за деца, а во тој случај отстранувајте ги семките од лимонот за да не биде горчлива смесата. Оваа снеса во никој случај не е погодна за деца помлади од 2 години.
Рецепт-чудо за имунитет: Направете зимница во тегла од ѓумбир, лимон и мед за да зајакнете оваа зима. Фотографија и рецепт на Зорка Јанчева
Сега е вистинско време да се подготви овој лек за зајакнување на имунитетот кој ќе ве заштити од настинки и вирози. Оваа смеса е чудо, штом залади направете ја за да бидете заштитени.
Потребни состојки: 1 кг свеж корен од ѓумбир, 1 кг мед или по вкус и 4 големи и сочни лимони
Постапка: лимоните убаво измијте ги и оставете ги во вода со малку сода бикрбона. Потоа истријте ги добро и исплакнете ги под млаз ладна вода. Исечете ги на тркалца за полесно да им се извадат семките.
Потоа исечете го на и на поситни парчиња, па убаво сомелете го во блендер, да добиете каша. Ѓумбирот исто така измијте го убаво, па излупете го и сомелете го.
Мелените лимон и ѓумбир соединете ги со медот и убаво промешајте за да добиете изедначена смеса. Складирајте во стерилизирани стаклени тегли и чувајте во фрижидер.
Употреба: Секое утро на гладен стомак по една супена лажица. Многу е вкусно и убаво, го загрева телото и му дава полетна енергија. Бидете здрави! / Фотографија и рецепт: Зорка Јанчева