Овој природен лек спречува и појава на слободни радикали кои имаат бројни негативни ефекти.

Во претставуваме еден одличен рецепт за лекување на природен начин и за превенција и ослободување на затнатите крвни садови.

Исто така, добар е за регулирање на зголемени масти во крвта, спречување на општ умор на организмот, спречување и лекување на инфекции и настинки, интензивно јакнење на имунолошкиот систем, чистење на црниот дроб и подобрување на црнодробните ензими.

Овој природен лек спречува појава на слободни радикали во организмот кои се виновни за појава на најтешките болести и низа други патолошки состојби поврзани со болести на срцето и крвотокот.

Потребни состојки:

4 цели главици лук домашен
4 лимони со кора (органски)
3-4 см корен од ѓумбир
2 литри чиста изворска или минерална вода

Постапка:

Лимоните добро измијте ги и оставете ги ладна вода со лажичка сода бикарбона. После половина час измијте го и исечете го на помали парчиња. Отстранете ги семките.

Лукот излупете го, а исто така и ѓумбирот, па заедно со лимонот ставете ги во блендер или сомелете ги во машина за мелење месео. Добиената смеса ставете ја во тенџере со 2 литри вода и загревајте ја со постојано мешање до точка на вриење.

Токму пред да зоврие исклучете го огнот, поклопете и оставете целосно да излади. Процедете низ средно густа цедалка и складирајте во стаклени шишиња. Овој лековит напиток се пие секој ден по една чаша од 200 мл најмалку 2 часа пред јадење, односно на празен стомак. Напитокот се чува во фрижидер.

Терапијата трае 3 седмици со секојдневно консумирање по една чаша, а потоа се прави пауза од една седмица, по што може да се повтори според истиот циклус. По потреба може да засладите со малку мед за да го подобрите вкусот. После само три седмици би требало да почувствувате значителна промена и регенерација на телото.

Напитокот освен за наведените благодети, посебно е корисен за спречување на калцифиција во телото која предизвикува создавање на песок и камчиња во органите и затнување на крвните садови.

Комбинацијата од лимон и варената вода го неутрализира мирисот на лукот. Пред секое консумирање протресете го шишето за да се промеша талогот.