Фото и рецепт: Ksenija Veljkovic
Потребни состојки:
5-6 јајца
5-6 лажици шеќер
10-12 лажици гриз
2-3 лажици брашно
½ лажиче прашок за печиво
*количините одредете ги сами (5 јајца со 5 лажици шеќер, 10 л гриз и 2 л брашно, на пр.)
За прелив:
1 литар млеко
150 г – 300 г шеќер * по вкус
2 ванилин шеќер
*рендана кора од лимон можете да ставите и во бисквитот и во преливот или само во преливот.
Постапка:
5 јајца изматете со 5 лажици шеќер. Кога јајцата се пенесто изматени додавајте една по една лажица гриз, вкуспно десет и две лажици брашно и малку прашок за печиво. Изрендајте кора од еден лимон, ставете малку по вкус, па смесата истурете ја во намастен плех и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути (проверете со чепкалка).
Печениот и изладен колач прелијте го со прелив: еден литар млеко сварете со 300 г шеќер и 2 ванилин шеќер (да врие додека да се растопи шеќерот). На почетокот целиот колач ќе плива во млеко, но како ќе изминува времето, тоа како сунѓер ќе впива.
Оставете неколку часа, најдобро преку ноќ, колачот да го впие млекото и изладете. Колку подолго стои колачот, толку е посочен.