Фото и рецепт: Кристина Будиша Стражанац
Потребни состојки:
10 кг домати
1 кг пиперки ајварки
1 кг кромид
1 кг јаболка
250 мл винска киселина
300 г шеќер
6 лажици сол
3 мали лажички слатка пиперка во прав
2 мали лажички црн пипер во прав
1 шака лути феферонки
лук, магдонос, лист од целер, одокативно, по желба
1 винобран
Постапка:
Количината за зеленчукот е исчистена количина.
Значи, зеленчукот се мие, пиперките се чистат од дршки и семки, кромидот се лупи, јаболката исто така се лупат и се чистат од семки, доматите се лупат од лушпата (се ставаат кратко во врела вода, па во ладна, па лушпата сама им пука и полесно се лупат).
Потоа целиот зеленчук се меле на машина за мелење месо, на најситно и се готви еден час. Потоа се ставаат зачинте и се готви уште еден час, па пред крајот се става еден винобран.
Се собира врело во стерилизирани тегли и веднаш се затвора со капаци.
Овој кечап ми трае низ цела година и не можам без него да замислам, го ставам речиси во се’, па дури и во супи. Ако сакате пробајте го овој рецепт, нема да се покаете.
Домашен кечап (Фото и рецепт: Кристина Будиша Стражанац)