Карамелот е многу вкусен прелив-крем кој дечињата особено го обожаваат. Има сладок вкус со незабележлива солена нота која уште повеќе ја потенцира аромата на кикирики.
Kарамелот има долг рок ако се чува во фрижидер без да се расипе, го задржува својот вкус, како штотуку да е направен. Може да го мачкате на палачинки или да го ставате во рецептите за некои торти и колачи.
Карамелот може да послужи како декорација на тортите, а се става и за подобрување на вкусот на сладоледот. Може да го ставате во мала количина кога наутро ќе си направите овесна каша за појадок. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 3-4 лажици вода, 180 г шеќер, 200 мл слатка павлака, 20 г путер, арома на ванила, сол.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 чаша (200 г) шеќер, 6 лажици (90 г) солен путер на собна температура исечкано на 6 парчиња, 1/2 шолја (120 мл) слатка павлака крем, 1 лажичка сол.
ПОСТАПКА: Во тавата сипете сосем малку вода. Кога водата ќе почне да зоврива, додајте 180 г шеќер и оставете полека да се растопи без мешање на умерена температура.
Повремено можете да го навалувате тавчето на едната или другата страна.
Постепено смесата ќе почне да добива боја на килибар и ќе почнат да се појавуваат меурчиња. Внимавајте да не ви загори. Кога ќе добие боја на карамел, тргнете го тавчето од рингла и во смесата веднаш додајте ја течната павлака.
Започнете енергично да ја мешате смесата со шпатула додека да карамелот целосно да се растопи.
Потоа додајте го путерот и мешајте додека да се растопи. По потреба ставете на топлата рингла.
На крај додајте ванила за подобар вкус. Карамелот складирајте го чиста тегличка и чувајте го во фрижидер. Кога ќе се олади ќе згусне и можете да го користите како крем или намаз.
Постапката за вториот рецепт е иста како и за првиот. Деталите од целата постапка за првиот рецепт можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.