Подобар од купечкиот!

Фото и рецепт: Вишња Вишња

Потребни состојки:

1 пакување готови тенки кори, 500 г
150 мл вода
50 мл масло
сол по вкус
500 г сирење

Постапка:

1.Водата, маслото и солта ставете го во тенџере, на оган да зоврие.

2.Првите две кори ставете ги во тепсија но така што краевите да висат надвор. Премачкајте ги со масло и вода. На истиот начин редете ги следните кори и секоја посебно премачкувајте ја.

3.Потоа филувајте со сирење и повторно редете кори и секоја намрувајте ја.

4.Кога ќе се потрошат сите кори, тогаш оние првите две што висат преклопете ги одозгора.

5.Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути. Кога е печен бурекот превртете го наопаку и исечете го.

Знам дека се признава само бурек со месо, а сето останато со сирење се нарекува пита или баница, па вие наречете го како сакате. Пријатно јадење!

Фото и рецепт: Вишња Вишња