Кога се брзате а потребен ви е практичен и брз рецепт, тогаш секогаш можете да се свртите кон излеаните пити кои се приготвуваат лесно и едноставно. Освен што се вкусни, доколку ставите повеќе зеленук, ќе ги направите и многу здрави.




Овојпат ви пренесуваме рецепт за една поинаква пита од нашата вообичаена „царска“ излеана пита или „компир-пита“, а станува збор за рецептот на една турска домаќинка која користи повеќе зеленчук. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, огноотпорен сад 32 см)): 2 компири, 2 домати, 3 зелени пиперки (може и во друга боја), 2 млади кромитчиња, 4 јајца, 1 лажичка сол, 100 г фета сирење (ситно сирење или урда), 1 чаша масло (200 мл), 1,5 чаша млеко (300 мл), 3,5 шолји брашно (450 г), 2 кесички прашок за печиво, рендан кашкавал (2-3 раце) за наросување одозгора




ПОСТАПКА: Два компири со средна величина измијте ги со ладна вода, излупете ги и исечкјате ги на ситни коцки. Истото сторете го и со останатиот зеленчук: најпрво измијте го убаво, исчистете го, а потоа исечкјате го ситно.




Во подлабок сад изматете четири јајца со виљушка или маталка, а потоа додајте го исечканиот зеленчук. Промешајте и додајте 100 г фета сирење исечкано на коцки. Може да го изроните и со раце, на помали и поголеми парчиња по желба.




Наместо фета сирење може да ставите сирење по ваша желба, тофу сирење, урда и слично. Во интегралниот рецепт не се содржи, но по вкус може да додадете и неколку исечкани маслинки, кисели краставички или по вкус.




Измешајте за да се распореди рамномерно сиот зеленчук заедно со сирењето во изматените јајца. Потоа додајте 450 г брашно помешано со две кесички прашок за печиво. Додавајте постепено за да можете поубаво да ја измешајте смесата.




Тепсија со дијаметар 32 см намастете ја со масло или путер и наросете ја со брашно (вишокот истресете го). Излејте ја приготвената смеса, израмнете и одозгора наросете рендан кашкавал. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути.