Диетата била осмислена од доктор за да се намали високиот крвен притисок кај пациенти со кардиоваскуларен проблем. Но потоа се случило нешто неочекувано…

Овој режим на исхрана ќе ви помогне не само да ослабете, туку и да го регулирате крвниот притисок и да го намалите нивото на шеќерот во крвта…

Творец на оваа диета е д-р Валтер Кемпнер, а креирана е уште во далечната 1939 година. Имено, овој режим на исхрана во тоа време бил креиран за намалување на високиот крвен притисок, за регулирање на шеќерот во крвта и подобрување на здравјето на бубрежно болните луѓе.

Бидејќи оваа исхрана имала ефекти и врз намалување на килограмите, започнала да се користи и за слабеење. Ова е една од повеќето шеми на диетата, со чија помош се слабее од 7 до 10 килограми за три седмици.

РЕЖИМ

Напомена: каде што ќе прочитате “чаша” од некоја намирница, на пр. “чаша ориз”, се мисли на веќе сварен ориз во количина која би ја собрало во чаша од 200-250 мл. Истото важи за сите други намирници како грав, леќа и сл.

ПОЈАДОКОТ секогаш е ист: една чаша ориз сварен во вода, без сол и шеќер. За да го подобрите вкусот може малку да го зачините оризот со лимонов сок и да додадете малку маслиново масло. Најдобро е да користите интегрален ориз.

УЖИНА: едно парче овошје, по ваш избор.

РУЧЕК за првите 7 дена: една чаша ориз, чаша грав, грашок или леќа, парче интегрален леб. Користете повеќе зачини, помалку сол.

УЖИНА: едно парче овошје, по ваш избор.

ВЕЧЕРА за првите 7 дена: секој ден чаша ориз и 150 г немасно месо (пилешки или мисиркини гради, свинска кременадла, риба)

Месото не го посолувајте, само додадете малку лимонов сок. Може да изедете и тенко парче интегрален леб.

РУЧЕК за 2.седмица: чаша ориз, парче интегрален леб.

ВЕЧЕРА за 2.седмица: чаша ориз и парче интегрален леб.

3.СЕДМИЦА:

Хранете се според планот од првата седмица, но додадете и една млечна ужина помеѓу ручекот и вечерата (200 мл млеко или мал овошен јогурт).

Пред примена на диетата консултирајте се со вашиот лекар.