Сите што ја пробале оваа диета се презадоволни: никогаш не сте гладни, а слабеете полека но сигурно!

Месечно се слабее од 4 до 7 килограми, а целата диета трае 3 месеци за кои треба да ослабете околу 20 килограми.

Диетата е многу едноставна, само треба строго да се придржувате кон правилата.

Имено, постои циклус од четири дена, и тоа: првиот е протеински ден, вториот скробен ден, третиот јагленохидратен ден и четвртиот – овошен ден.

Не смеете да отстапувате од овој циклус!

ПОЈАДОКОТ е ист за сите 90 дена: се јаде само овошје. Се јадат по 2 плода свежо овошје или еден грст суво овошје.

Диетата секогаш започнува со протеински ден, а редоследот на деновите не смее да се менува.

1 ДЕН – ПРОТЕИНСКИ ДЕН

Ручек: месо, варено или печено (3 парчиња ресторанска порција 250 г, или 3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничени количини, супа но без фиде.

Овој ден може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај количината на месото односно јајцата, треба да се преполови.

Вечера: истото од ручекот, но без супата. Доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата треба да ви биде месо.

2 ДЕН – СКРОБЕН ДЕН

Ручек: грав, грашок, спанаќ, компир. Треба да биде варен и единствено зачинет со зачини. Едно парче леб и салата.

Вечера: исто како ручекот, со тоа што количината ќе ја преполовите.

3 ДЕН – ЈАГЛЕНОХИДРАТЕН ДЕН

Ручек: варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифли.

Вечера: 2 парчиња торта, или 3-4 колачиња, или пак 3 топчиња сладолед. Задолжително е еден ред црно чоколадо (за готвење) за да се одбегнат алергиите.

4 ДЕН – ОВОШЕН ДЕН

Ручек и вечера: колку што сакате мешано овошје. Овој ден јадете само овошје.