Белодробните болести се сè почести, а во најзагрозена група спаѓаат секако пушачите – велат лекарите. При рак на бели дробови, симптомите кои се јавуваат се постепени, а тоа се кашлица, искашлување на секрет и краток здив, прво при напор, а подоцна и при мирување.
Пред да го направите тестот, поставете си себеси неколку прашања: 1.Дали кашлате повеќепати во текот на денот? 2.Кога кашлате, дали често искашлувате слуз? 3.Дали во однос на вашите врсници почесто останувате без здив? 4.Дали сте постари од 40 години? 5.Дали сте пушач или бивши пушач?
Ако со “ДА” одговоривте на три или повеќе прашања, потребно е веднаш да се посоветувате со лекарот кој ќе ве упати на спирометрија, односно испитување на белодробната функција.
Меѓутоа, постои и тест кој можете да го изведете и дома, а кој може да открие дали постојат некои промени кои би можеле да укажуваат на развивање на рак на белите дробови.
Тестот со споени прсти или т.н. Schamroth window test се изведува така што со соединуваат двата показалци, еден кон друг. Кога ќе ги споите на ваков начин, помеѓу двете плочки од ноктите би требало да се појави слободен простор, а ноктите да се допираат само во една точка.
Ако ваков простор нема, а ноктите имаат облик на купола или канџа, тоа може да биде знак за сериозна болест како што е туберколоза или рак на бели дробови – наведува д-р Ема Нортон за Huffington Post.
Состојбата кога при изведувањето на тестот нема слободен простор помеѓу двата прста, д-р Нортон ја нарекува “nail clubbing”.
“Повеќето луѓе кои имаат карцином на белите дробови воопшто не знаат за овој тест”, – вели д-р Нортон и додава: “Но, токму тој може да ги предупреди за рак на белите дробови.
Тестото го користат медицински експерти како делумен метод за потврдување на состојбата, но секој може сам да го направи, трае само неколку секунди”. Еве како лекарите објаснуваат, зошто овој тест е добар?
Кај заболените од рак на бели дробови се јавува отекување на прстите во повеќето случаи. Научниците од универзитетот во Лидс неодамна открија зошто доаѓа до тоа.
Имено, болестите на белите дробови предизвикуваат 10 пати поголемо производство на PGE2, која помага во смирувањето на воспалението во белите дробови, отколку што му е потребно на телото. Потоа таа се собира во врвовите на прстите и предизвикува нивно отекување.
Отекувањето на прстите се случува во три фази. Во првата фаза ноктите стануваат меки, во втората фаза доаѓа до закривување на ноктите а третата фаза подразбира отекување, односно здебелување на врвовите од прстите.
Симптоми пропратени на рак на бели дробови се: кашлица која не престанува 2-3 седмици; инфекции на градниот кош кои постојано се враќаат; искашлување на крв; траен умор и недостиг на енергија; тешко дишење, болки при дишење и кашлање;
Потоа, губиток на апетит, необјаснува слабеење; потешкотии со голтање; болка во градниот кош и рамењата. Погледнете како изгледа тестот во видеото подолу: