На оделот за неонатологија работи др. Анет Папазовска-Черепналковски која пред повеќе од една година заминала од Макеоднија и патот ја донел во Хрватска.
Сплит е нејзината Германија, Ирска, Франција..
Ова е нејзината приказна.
„Сплит многу ми се допадна кога неколку пати, поради својата докторска работа, доаѓав во овој преубав град. Постојано размислував за тоа дека би било убаво да се преселам со семејството во Сплит, да живееме и уживаме во оваа преубава клима.
При доаѓањето во клиниката, се запознав со многу колеги од клиниката за женски болести. Од 2000-та до 2016-та година бев вработена во Скопје, на клиниката за детски болести и имав големо искуство, само требаше да одлучам да направам голем чекор.“
Долга процедура
„Сопругот Александар пред мене најде работа во Сплит. Тој работи во фирмата „Ериксон-Никола Тесла“ од 2015-та година и тој од Скопје пред мене замине во Сплит. Тогаш повеќе немаше пречки за мене.
Се пријавив на јавен натпревар во Сплит во 2015-та година и кога поминав, требаше да тргнам во борба за добивање на сите потребни документи за да почнам да работам во Хрватска. Мојата диплома и се останато требаше да се потврди и јас искрено мислев дека тој процес ќе трае пократко.“
„Но тој процес траеше многу долго, а јас сакав се повеќе да се преселам во Сплит. Па мораше да се потврди валидноста дипломата од медицинскиот факултет во Скопје, дипломата за педијатарска специјализација, морав да полагам државен испит во министерството за здравство на Хрватска, па требаше да добијам лиценца за работа. Тоа траеше повеќе од 1 и пол година.“
Дефинитивно нејзините примања се поголеми во Хрватска отколку во Македонија.
„Во Скопје имав плата од 700 евра, а тоа е добра плата за државна служба. Но во семејството сфативме дека нашите деца, Ангела и Божидар овде ќе имаат подобра едукација, па во Хрватска ќе им се отворат поголеми шанси. Колегите на работа одлично ме примија, се вклопив брзо, затоа што иста работа извршував и во Макеоднија.“
Секако, таа останала во контакт со своите колеги во Македонија.
„Двајца мои колеги гинеколози ме прашаа како ми е во Хрватска. Им реков дека имам позитивно искуство и го пофалив Сплит кој е преубав. Мислам дека размислуваат за доаѓање во Хрватска. Иначе во последно време, македонските лекари одлучуваат да работат по приватните болници во Македнија каде што може да добијат плата и до 1500 евра.“
Таа моментално има привремен престој(5 години) во Хрватска, по што може да побара постојан престој.
„Знам дека сопругот и јас остануваме во Сплит и Хрватска. За децата не знам. Пред нив е иднината. Тие, кога ќе пораснат, ако сакаат може да одат во Германија, Франција, САД, односно таму каде што ќе ги однесе животот. Нема да им забранам да одат таму каде што ќе им биде подобро. Сепак, ни недостига Скопје и Македонија, но секогаш може таму да отидеме на годишен одмор.“
Мислат дека е Русинка
„Никогаш не сум имала негативни искуства. Имав само мали проблеми во комуникацијата со луѓето. Во почетокот колегите не ме разбираа се што зборувам, но добро го извежбав хрватскиот јазик.
Уште малку, но само понекогаш, имам проблем кога на родителите на малите пациенти им давам дневни информации за нивните деца и нивната здравствана состојба. Тогаш тие ме гледаат малку чудно, затоа што сигурно се прашуваат од каде сум. Сеуште мислат дека сум Русинка, но грешат, јас сум Македонка заљубена во Сплит.“
Извор: News24