Сите одбегнуваме да седиме покрај отворен прозор, бидејќи од постарите ни останало врежано да се чуваме од провев (кај народот: промаја).
Меѓутоа, последниве децении постојано се говори дека болести од провев не постојат и дека тоа е измислица од хипохондрици.
Но, докторите предупредуваат дека провевот е опасен во 1 случај и тогаш треба да се плажиме од последиците.
Кај народот постои верување дека провевот е одговор на речиси сите болести и се смета за многу опасен по здравјето, почнувајќи од болки во грбот, па до најсмртоносни болести. Мешутоа, не постојат истражувања кои би ги потврдиле ваквите тврдења.
Психолозите го објаснуваат провевот како изговор или средство за привлекување на внимание врз себе.
“Моќта на автосугестијата од една страна и потребата за внимание од друга страна за претставување на себеси како жртва, од друга страна, доведува до тоа постојано да се жалиме дека нешто не боли и бараме причина за себеси да се окарактеризираме како болни. Ако цврсто веруваме во нешто, може да дојде до промена на некој орган, со што само се поткрепува теоријата за моќта на потсвеста” . вели психологот Радмила Грујичиќ.
Меѓутоа, постои само една состојба во која провевот е навистина опасен – а тоа е кога телото е влажно или испотено и како такво е изложено на провев, односно на струење на брз и ладен воздух кој разладува.
Во тој случај може да дојде навистина до тешки и сериозни заболувања на телото, од настинки, проблеми со системот за дишење, па до вкочанување на некои делови од телото и воспалување на нерви.
Во сите други случаи, лекарите советуваат дека е пожелно барем двапати дневно да се направи провев во домот, за да може бактериите, вирусите и сите други микроорганизми да излезат од просторијата, и дека не треба да се стравува од нереална опасност и непостоечки болести.