Овој чудесен рецепт потекнува од природната медицина, а сите состојки можете да ги пронајдете во продавница за здрава храна или поголеми супермаркети.
Потребни состојки:
10 лажици ленено семе
5 лажици мелен интегрален сусам
50 г семки од тиква
50 г семки од сончоглед
50 г пченица во зрно
3 лажици суво грозје
1 кг ливадски мед
Подготовка:
Пченицата закиснете ја во вода, а следниот ден истурете ја таа вода, исплакнете ја пченицита и полијте ја со нова вода. Веќе вториот ден ќе биде набубрена, а зрното активирано.
Сувото грозје исто така можете да го закиснете една ноќ пред приготвувањето на смесата. Сите останати состајки сомелете ги, семињата ситно, а семките може и покрупно.
Во поголем сад помешајте ги сите состојки. Кога сè убаво ќе се соедини, претурете во стаклена тегла.
Употреба:
Земајте по една супена лажица од смесата пред појадок и пред ручек.