Професорот д-р Драгослав Ѓорѓевиќ, редовен професор на Медицинскиот факултет во Ниш, сега во пензија, специјалист за белодробни, алергиски и имунолошки болести, препорачува билки кои ќе ви помогнат да решите голем број проблеми.
Докторот објаснува дека зелените билки се клучна состојка во исхраната на човекот, а најдобро време за нивно берење е пред да се создаде семето. Имено, кога билката ќе процвета, хранливите материи се концентрираат кон нејзиното семе и во листот останува многу малку.
Д-р Ѓорѓевиќ смета дека босилекот е крал меѓу билките и дека би требало да го користиме во секојдневната исхрана на различни начини – како зачин во јадењата, како салата или чај, бидејќи содржи антибактериски и антибиотски својства, силен е антиоксидант, содржи фолна киселина, есенцијални масла и танани, како и речиси сите витамини, а главни хемиски состојки се муестрагол илинанолол.
Со оглед на тоа што содржи витамин Ц, еугенол и камфен, докажано е дека босилекот ефикасно делува кај лекувањето на бели дробови, како што се настинка и туберколоза.
-Поради антибактериските својства, босилекот е извонреден за лекување на синуси, како и различни воспаленија, настинки и температури, грип, астма и бронхитис, ублажува стомачни тегоби, подобрува варење и го подобрува апетитот.
За лекување на различни заболувања на респираторните органи, исклучително е добра мешавината од листови на босилек со ѓумбир и мед, бидејќи ги ослободува дишните патишта кои се блокирани од вишок слуз – вели д-р Ѓорѓевиќ и додава дека ќе се ублажи иритацијата од кашлицата, пецкањето и гребењето во грлото ако во чајот се сварат и неколку ливчиња босилек.
За лекување на воспалено грло треба да се потопи босилек во топла вода, да се остави да отстои еден час, да се процеди и со таа вода да се прави гаргара.
Со џвакање на листови од босилек се лекуваат инфекции во усната шуплина, крвавење на непцата и се отстранува лошиот здив од устата.
Консумирањето на босилекот, исто така, го намалува нивото на холестеролот во крвта, а истовремено го намалува и ризикот од срцев удар и кардиоваскуларни заболувања.
Ги јакне бубрезите и ја подобрува нивната работа, а за исфрлање на бубрежно камче треба подолг период да се консумира босилек и мед.
Бидејќи босилекот е богат со витамин А, многу е погоден за одржување на здравјето на очите, бидејќи ја зголемува нивната отпорност на различни болести. Заморот на очите може брзо да се ублажи со накапување на неколку капки чај од босилек.
Тинктурата за дезинфекција на рани, како облога против различни осипи на кожа или убоди од инсекти, се приготвува така што дваесет грама ситно сечкан босилек се прелива со сто милилитри алкохол, се остава да отстои две седмици, се процедува и се чува во добро затворено стаклено шише.
Босилекот навистина е крал на лековитите билки, а тегавецот е кралица – вели д-р Ѓорѓевиќ, бидејќи лекува бројни заболувања на внатрешните органи, како и инфекции и повреди на кожата.