ДОКТОР ЕМИР СОЛАКОВИЌ: Жената мора да го јаде ова секое утро за да биде здрава и слаба. Појадок кој не се заменува со ниедна друга храна, а подоцна организмот ќе ви биде благодарен.
Кардиоваскуларниот хирург д-р Емир Солаковиќ привлекува внимание со своите изјави за здрав начин на живот, пред сè затоа што на широката популација им се обраќа отворено и директно, без задршки и ублажување.
„Многумина ме среќаваат на улица, ме поздравуваат, па се исприкажувам со нив, како да сум нивни гостин во куќата, а добивам и повратни одговори дека на многумина сум го променил животот. Народот генерално е болен, најчесто луѓето изгледаат многу постари од тоа што навистина се,“ – започнува д-р Солаковиќ на почетокот од своето излагање.
„Се будам околу шест ипол часот. Шест часа ми се доволни за да се наспијам. Луѓето кои спијат подолго од 6 часа имаат проблем. Не е нормално да спиете подолго од 6 часа. Телото се буди самостојно по 6 до 7 часа, ако функционира нормално. Ако не можете да спиете, има некој проблем, или работите многу, или сте под с трес или боледувате од некоја болест.
Оние кои имаат прекумерна тежина имаат поголема веројатност да се разболат. Никогаш не сум видел дебел човек да појадува. Го прескокнува појадокот. Секогаш има нешто за грицкање, нешто нездраво. Кога јаде, храната како да ја фрла во пештера. Се движи само од автомобилот до куќата. Овие луѓе јадат многу и немаат физичка активност и затоа трупаат сало.
Идеален појадок за жената е: Штом ќе станете наутро, испијте чаша чај. Чајот ги отстранува ток-сините што се акумулираат во текот на ноќта. Потоа земете јајца. За жените, идеален е појадок е пржени јајца, односно 3 белки и едно цело јајце. Тоа се 10 грама протеини.
За мажите исто така е добро да појадуваат јајца. Пржени јајца од 5 белки и едно цело јајце. Мора да се внесуваат маснотии, бидејќи се многу важни за телото. Ако сакате здрави маснотии, слободно додајте малку маслиново масло во изматените јајца. Нашата кожа, веѓи, коса, нокти се направени од овие протеини. И јадете без леб.
На вашиот мозок му треба шеќер за да се храни, но кој? Ви препорачувам да зготвите овес и да додадете неколку коцки темно чоколадо, а потоа да додадете малку сливи.
Телото сака овес, бидејќи тоа е единствената храна која има иста супстанција како мајчиното млеко. Не јадете готови пакувани „мусли“, тоа е ѓубре. Се состојат само од вештачки шеќери. Згответе си чист овес или на ист начин како што ја готвите пченицата.
По ова, удобно можете да испиете црно кафе без шеќер и цревата ќе се испразнат. Па, после ова совршено ќе бидете подготвени за работа. Ќе можете да протуркате 6 часа без никакви проблеми. Вашето тело ќе функционира совршено.
А на пример ако изедете кифла, тоа е исто како чист шеќер да сте јаделе. Телото ја вари оваа храна како шеќер. Колку е побел лебот, толку е поште-тен. Лебот со семиња е добар и здрав, но оној кој вистинки е здрав и треба да го јадете, е црниот леб. Без адитиви и бои. Но, максимум 2 парчиња. Белиот леб не треба воопшто ни да го купувате.”
„Едноставно нема кој да се грижи за вас освен самите вие. Каде и да одите, со кого и да го поминувате денот, вие сте одговорни за вашето здравје. Важно е да знаете што јадете и како се однесувате во некоја ситуација. Организмот е создаден пред стотици и стотици илјади години. Им кажувам на луѓето дека нашата машина (организам) бара конкретна храна. Помеѓу шеќерот и маснотиите, подобро е да јадете маснотии, шеќерот е многу оп асен.“
„Наутро кога ќе се разбудите мора да појадувате, мора затоа што не сте јаделе преку ноќта и орга-ните работат напразно. Кога ќе се разбудиме, најчесто веднаш посегнуваме по кафе и цигари. Некои ќе земат коцка шеќер и се сити. Телото бара протеини, го бара она што го нема и потоа започнувате да јадете вештачки шеќери. Го вознемируваме телото со години, а во староста се жалиме од болести. Дали е тоа живот? “ – завршува докторот.