Кога некој се жали дека косата започнала нагло да му опаѓа или дека ќелавее, првата причина на која помислувате за ова е стареењето. Но возраста не е единствениот фактор за овој проблем.​

Иако предиспозицијата за ќелавост главно има наследен фактор, сепак, модерниот начин на живеење кој вклучува токсини во исхраната, стрес, загадена животна средина и слично, дополнително го зголемуваат ризикот од опаѓање на косата и тоа кај релативно млади луѓе.

Ова стана денешен проблем и за двата пола а влијае врз самодовербата кај сите луѓе. Кога ќе се соочат со овој проблем, многумина користат различни методи и средства за да го повратат поранешниот изглед. Но колку и да чинат скапо препаратите, обично резултатите се негативни.

Кога сите тие препарати од убавите реклами нема да вродат со резултат, преостанува единствено трансплантација. Но, оваа постапка е скапа, па не може секој да си ја дозволи.

За среќа постои еден проверен метод за лекување на ќелавоста кој не чини многу и не содржи хемикалии. Може лесно да се приготви во домашни услови, а ќе ви бидат потребни само три состојки. Пробајте, немате што да изгубите!

Потребни состојки:

2 лажици рицинусово масло

1 жолчка од јајце

1 лажица мед

Постапка:

Во соодветен сад измешајте ги добро сите состојки. Нанесете ја добиената смеса на коренот од косата и по должина на влакното. Фиксирајте ја главата со кеса, па оставете маската да делува најмалку два часа.

Потоа измијте ја косата со шампон. Се применува најмалку еднаш седмично во период од два месеци.

Како делува маската?

РИЦИНУСОВО МАСЛО

Ова масло се користи веќе илјадници години за лекување на ќелавост, за одржување на здравјето на косата, на нејзината убавина и волумен. Има силни антифугални и антибактериски својства. Помага во елиминација на првутот, инфекции на кожата на главата и фоликулитис.

Во ова масло присутна е рицинолеинска киселина која помага во подобрување на микроциркулацијата во коренот од косата и го забрзува растот на влакното.

Истражувањата покажуваат дека рицинусовото масло има моќ да го зголеми растот на косата за петпати.

МЕД

Медот сам по себе е многу моќна намирница. Тој е антиоксидант кој исто така има антифунгицидни и антибактериски својства. Во комбинација со маслото само се зголемуваат овие својства и се зголемува ефикасноста на ефектот.

ЖОЛЧКА ОД ЈАЈЦЕ

Содржи амино киселини и протеини кои се одлични хранливи материи потребни за побрзо и поздраво растење на косата. Биотинот кој се наоѓа во жолчката помага за обновување на фоликулите на косата и коренот.

Овие три состојки прават една совршена смеса за здрава коса која помага во обновување на отпаднатите влакна и нивно побрзо растење.​

Ова природно средство е најдобрата опција за здрав скалп и коса, кој ќе ви ја врати самодовербата и ќе станете горди на вашиот нов изглед.