Ако имате малку зеленчук и месо направете го овој неверојатно вкусен ручек кој се подготвува за многу кратко време. Само се ставаат состојките и се пече, а ручекот ќе ви биде на маса за неколку минути.
Многу е убав и поинаков од останатите и се подготвува ептен лесно. Може да го подготви кој било. Одговара за ручек или вечера, а јас понекогаш го нарекувам и солена торта бидејќи ќе видите и вие, навистина така изгледа.
Одлично одговара со јогурт, а може да послужи и како закуска доколку ви дојдат гости. Слично е на пита, но има многу богат вкус и преубав мирис кој ќе ве воодушеви.
Потребни состојки: 1 црвена пиперка, 1 жолта пиперка, 3 главици млад кромид, 1 домат, 1 виолетов кромид, 500 г мелено месо, 1 компир, 4 јајца, сол, црн пипер, 100 г фета сирење, 300 мл млеко, 200 мл масло, 2 ќесички прашок за печиво, 430 г брашно, 100 г кашкавал.
Постапка: Црвената пиперка пресечете ја на половина, а потоа на четвртина и од неа извадете ги жилите и семките. Секоја четвртина пресечете ја долгнавесто и тенко, а потоа пресечете на ситни коцки.
Истата постапка повторете ја и со жолтата пиперка. Младиот кромид пресечето го на ситни кругчиња и ставете го настрана со исечканите пиперки. На крајот се сече доматот кој е потребно да се пресече на ситни коцки исто како и пиперките.
Виолетовиот кромид пресечете го исто како и другите зеленчуци. Компирот изрендајте го на ренде, а во посебен сад ставете 4 јајца и посолете со половина лажичка сол. Изматете ги јајцата со жица за матење, а во нив додајте го ренданиот компир.
Компирот треба да го процедите со раце пред да го додадете во јајцата, колку што е можно повеќе додека да биде целосно сув. Фета сирењето пресечете го коцки. Сирењето додајте го во јајцата.
Откога сите состојки ќе ги исечкате, зеленчукот додајте го во садот со јајцата заедно со месото. Посолете со црн пипер, може и малку сол по вкус. Потоа додајте го млекото, маслото и со дрвена лажица промешајте ја смесата.
Потребно е да подготвувате во поголем сад за да ви ги собере сите состојки. Откога ќе се изедначат состојките, додајте ги ќесичките прашок за печиво и брашното и повторно измешајте додека да добиете густа смеса.
Во тава со поставена хартија за печење, намастете ја и разлејте ја густата смеса и разлејте ја по целата површина на тавата. Изрендајте 100 г кашкавал и наросете врз густата смеса.
По печењето пресечете на големи коцки. Претходно оставете малку да излади, а потоа послужете. Одлично се комбинира за ручек или вечера, а е многу вкусно. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 – 30 минути. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.