Холестерол е збор со кој лекарите го „плашат“ скоро секој нивен втор пациент над 30 годишна возраст. Но, што всушност претставува тој и секогаш ли е опасен, доколку во човечкиот организам дојде до зголемување на холестеролот?
Холестерол го има во многу живи организми. Кај човекот тој истовремено се обработува во неколку органи- црниот дроб, бубрезите, надбубрежните жлезди и некои делови од половиот систем.
Околу 80% од холестеролот во организмот го произведува самиот тој,а останатите 20% се внесуваат преку исхраната.
Меѓутоа не секогаш холестеролот е штетен, бидејќи тој постои во телото во форма на соединенија – липопротеини. Истите тие соединенија се делат на два вида – со висока и со ниска густина.
Липопротеинот со ниска густина т.н. LDL холестерол го зголемуваат ризикот од стеснување и затнување на крвните садови, што доведува до инфаркти или мозочни удари.
Големото количество протеини со висока густина или т.н. HDL холестерол, напротив, се смета за знак на добро здравје.
Еве кои се најчестите причини за зголемување на холестеролот и ризикот врз нашето здравје:
Прекумерната тежина – кај луѓето со вишок килограми нивото на HDL холестеролот е понизок од нормалната граница. За среќа, за да се справите со овој проблем, не е потребно да земате лекови – доволно е да ја намалите вашата тежина.
Премногу масти во храната – од сите фактори кои влијаат на нивото на холестерол во крвта, овој е можеби најважниот. Затоа – ако навистина сакате да го заштитите срцето, внимавајте што јадете и колку масти внесувате преку исхраната.
Премала физичка активност – отсуство на физичка активност врз организмот го има истиот ефект како дебелеење – дури и ако вашето тело изгледа совршено.
Опасноста од срцев и мозочен удар станува се поголема, затоа ве советуваме секојдневно бараем по 15 минути да одвоите за пешачење.
Наполнивте 50 години – по 20-тата година нивото на холестерол започнува бавно, но постојано да се зголемува. И тоа не зависи од телесна тежина или начинот на исхрана, туку од возраста, па и кај мажите и кај жените нивото на холестеролот се покачува до одреден степен.
Имате генетска предиспозиција – ако сте од семејство во кое доста луѓе страдале од кардиоваскуларни болести, тоа не е добра вест – овој тип болести често се пренесуваат во наследство.
Ако некој од родителите има зголемен холестерол, добро е редовно да го проверувате и контролирате холестеролот во крвта.
Пушењето – за штетноста од цигарите имаме слушано многу, па еве уште еден факт – пушењето го намалува нивото на HDL холестеролот што, на крајот резултира со негативен ефект врз срцето.
Проблеми со тироидната жлезда – зголемениот холестерол може да биде симптом или последица од некоја болест.
На пример – дијабетес или хипотиреоза – нарушување на функцијата на тироидната жлезда. Знаци на хипотиреозата се лесен замор, поспаност, опаѓање на косата, запек и подуено лице.