Јадете секој ден патлиџан и гледајте какви промени ќе ви се случат во организмот.

Патлиџанот потекнува од Индија, а се консумира веќе одамна кај нас. Некои сорти патлиџан имаат плодови тешки и до еден килограм, а постојат неколку видови од кои најлековитиот е модриот патлиџан.

Свежиот патлиџан во 100 г има само 24 калории, богат извор е на влакна, особено на целулоза која е добра за дигестијата, како и виамините Б1, К, Ц, А и фолна киселина. Патлиџанот е богат со протеини па може да се користи како замена за месо.

ГО УСПОРУВА РАСТОТ НА МАЛИГНИТЕ КЛЕТКИ И ГО ШТИТИ СРЦЕТО

Најмоќното својство ба патлиџанот е неговата заштита на телото од слободните радикали. Во неговата кора се содржи антиоксидансот насунин, а токму тој ги штити клетките од уништување и ги елиминира слободните радикали и влијае врз исфрлање на вишокот железо од организмот. Токму насунинот влијае како превенција од кардиоваскуларни болести и превенција од рак.

Студијата која беше објавена во 2005 година во научното списание “Journal of Agricultural and Food Chemistry” потврдува дека насунинот делотворно го спречува процесот на ангиогенеза (развој на нови крвни садови од постоечките) и на тој начин помага во спречување на ширењето на туморските клетки.

Според истражувањето на американското Министерство за полјоделство, хлорогената киселина содржана во патлиџанот е одличен сојузник во борбата против слободните радикали кои се предизвикувачи на ракот.

ЛЕКУВА ДИГЕСТИВНИ ТЕГОБИ

Се смета дека токму поради горчливиот вкус, патлиџанот поволно влијае врз ублажување на грчевите во желудникот и слични дигестивни пречки.

ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ И ОСОБЕНО ПОВОЛНО ВЛИЈАЕ ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ

Патлиџанот има низок гликемиски индекс, па поради тоа е многу поволна намирнца за дијабетичарите, додека хлорогената киселина, која исто така има антиоксидативно дејство, помага во намалување на нивото на лошиот холестерол.

ЈА РЕГУЛИРА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА

Патлиџанот е зеленчук со многу малку јаглени хидрати, не содржи масти и има само 20 калории по парче. Изобилува со влакна поради што придонесува за чувство на ситост. Според некои истражувања хлорогената киселина која е присутна во плодот делотворно помага во намалување на масните наслаги. Тоа се предностите кои го прават одличен сојузник во борбата против вишокот килограми.

ЕВЕ ВАКА ЌЕ ЗНАЕТЕ ДАЛИ ПАТЛИЏАНОТ Е ЗРЕЛ:

Кога бирате патлиџан, обидете се да го стиснете – ако кожата се врати на место, значи дека е зрел, а ако остане вдлабнување, не е. Се чува на температура од околу 10 степени.

Горчливиот вкус на патлиџанот може да го неутрализирате со користење на сол пред готвењето. Исечете го патлиџанот па парчињата посолете ги и оставете ги да отстојат половина час.