Со некои луѓе мора да бидете многу внимателни, бидејќи поедини лица се добри и љубезни со вас само тоа ним им одговора, односно додека сметаат дека може да имаат некаква корист од вас. Потоа, кога веќе нема да им требате, а неретко и веднаш после направената услуга, тие се повлекуваат, никаде ги нема да се јават или да одговорат на повикот, па дури може да свртат грб и да го сменат својот однос во многу ладен.




Затоа, на денешно време човек мора да биде многу внимателен кому ќе му верува, бидејќи поединци се махери во потпикнувањето и освојувањето на вашата доверба, само додека им требате или кога треба нешто да извлечат од вас. Психолозите ги обележале ваквите луѓе со пет главни карактеристики, чијшто опис би можел секому да му помогне во иднина да ги препознава користољупците и да ги одбегнува.




1. Ако некој човек стане премногу добронамерен и е невообичаено љубезен. Нашите стари имаат поговорка: „Многу арно не е на арно“. Доколку чувствувате дека некое лице е премногу љубезно со вас и постојано се нуди на некаков начин да ви помогне, особено бидете претпазливи, колку и да ви годи туѓото внимание.




Зад таа љубезност обично се кријат скриени намери или пак правејќи ви вам услуга сака „да ве седне во скут“ и да се чувствувате должни. Доколку се случи некоја личност често да ви говори само убави работи и да ви ласка, не избрзувајте и почекајте да ги видите нејзините вистински намери.




2.Доколку забележите отсуство на емпатија кај тој човек. На пример, некому му се случила тpaгедиja и вие како и остатокот од светот coчyвствувате со тaгaтa пpичинета од наcтанот, но човекот кој се обидува да ви биде „пријател“ не покажува никаква eмоција, па дури може да каже: „така му тpeбаше, си го доби заcлyженото“. Лицата кои имаат недоcтиг на емпатија се лица на кои не можете да им верувате. Тие немаат eмоции и многу лесно можат да ве пpeдадат или да ви нанеcaт злo.




3.Ако покажува знаци на нарцисоидност. Нарцисите веруваат дека целиот свет се врти околу нив и дека тие се најважни. Од тие причини никогаш не може да им се верува целосно. Тие ретко ги признаваат своите грешки и секогаш ја префрлаат вината за своите грешки на некој друг.




4.Ако не знае да чува тајни. Ако некому нешто му кажете во доверба и таа личност уште утре некому му го раскаже она што вие сте кажале во доверба, тешко дека некогаш ќе можете повторно да му верувате. Овие луѓе едноставно не знаат како да ја држат устата затворена и да чуваат тајна, а сето тоа го прават затоа што им е потребно туѓо внимание, па на секој начин се трудат да го добијат.




5.Лесно менување на мислењата. Таквите луѓе се предомислуваат исто како што ветрот го менува правецот. Никогаш не можеш да им веруваш затоа што ваквите луѓе можат едно да мислат и зборуваат наутро, но како што минува денот, тие неколкупати ќе го променат мислењето.




На крајот, неретко се случува вас да ве обвинaт за нешто што тие го кажале, но да „ги стават зборовите во ваша ycта“ или да ве „наместат“ со некоја нивна фантазмагорија. Ваквите луѓе не можат да ви бидат пријатели.