Во последно време куркумата го освои светот благодарение на многубројните корисни својства кои ги поседува. Таа се смета за најефикасниот хранилив природен лек кој постои, па исто така се нарекува „жолтото чудо на природата.”
Поради својата специфична жолта боја, позната е и под името „индиски шафран”. Соединенијата во куркумата се нарекуваат куркуминоиди, од кои најважен е куркуминот. Широката употреба на куркумата во традиционалната медицина предизвика значителен интерес за нејзините здравствени придобивки.
Неодамна во медиумите можевме да прочитаме за жена од Велика Британија, која читајќи за бенефите кои ги овозможува куркумата, одлучила да спроведе еден експеримент и започнала секое утро да го пие славниот напиток. Имено, таа започнала да додава куркума во топла вода и овој напиток го пиела на гладно.
Само по една недела, таа забележа позитивни промени: дигестијата значително и се подобрила и немала потешкотии со варењето на храната, кожата на лицето и се исчистила, станала сјајна и добила многу поздрав изглед, а будењето наутро и станало многу полесно, а таа имала сè повеќе енергија.
Освен фактот дека куркумата е еден од најкорисните зачини што на јадењата им дава одлична арома и боја, тој го освежува и лекува организмот, бидејќи има антиинфламаторни, антиоксидантни и подмладувачки својства.
Главната состојка која е одговорна за сето ова е куркуминот. Токму благодарение оваа многу мо ќна состојка, водата со куркума е еден од најлековитите пијалоци, и поради тоа често се нарекува елик-сир на здравјето.
Рецепт за чу-до од пијалак:
Потребни состојки: половина лажички куркума и 1 чаша топла врела вода 200 мл (може да се користи топло млеко).
Постапка: прелијте ја куркумата во прав со чаша топла вода и промешајте. Додајте неколку капки кокосово или маслиново масло и прстофат црн пипер во прав. Овој напиток се пие во првиот дел од денот, односно пред или после појадок. Се пие во текот на две седмици, по што се прави пауза од исто така, две седмици.
Позитивно влијание врз телото: здравје на срцето, куркуминот спречува формирање на тром-би; подобрување на варењето на храната. Го нормализира варењето и го забрзува метаболизмот; заштита на црниот дроб, ги обновува ош-тетените клетки;
Ги ублажува симптомите на артритис, го намалува отокот и ја ублажува б олката подобро од диклофенак; позитивно влијае на здравјето на луѓето со дијабетес; студија од 2009 година на Универзитетот Обурн открила дека куркумата може да го подобри општото здравје на луѓето со дијабетес.
Важно: иако куркумата е позната како природен антибиотик, постојат контра-индикации при употреба на пијалокот, па затоа пред да започнете со негово кон-сумирање – консултирајте се со вашиот лекар. Особено треба да бидат вни-мателни луѓето кои имаат камен во жолчното кесе.
Како правилно се кон сумира куркумата за најдобро да се апсорбира?
Куркумата е растворлива во масло, што значи дека треба да ја комбинирате со некое масло за оптимална апсорпција. Најчесто се комбинира со ладно цедено масло од кокос или маслиново масло. Дневна препорачана доза изнесува од 3 до 10 г, приближно една лажичка.
Најпознат е рецептот на д-р Андерсон: помешајте четвртина чајна лажичка куркума со половина лажичка маслиново масло. Во мешавината додајте прстофат свежо сомелен црн пипер. Овие три состојки помешајте ги во шолја со малку вода или кон-сумирајте ги самостојно.
При избор на куркума и куркумин, важно е да купите формула која е клинички тестирана и докажано дека има добра апсорпција. Во прегледот на артритисот на зглобовите, екстрактите од куркума кои содржат 1 г куркумин покажаа најголема корист по 8-12 недели секојдневно кон-сумирање.
За оние кои сакаат да го намалат холестеролот, 700 мг екстракт од куркума двапати на ден може да помогне. Едно осумнеделно истражување покажа дека 2,4 г куркума во комбинација со семе од нигела (црно семе) го намалува холестеролот, обемот на струкот и воспалението.
Иако истражувањето е контроверзно, една студија спроведена на спортисти открила дека 6 г куркумин и 60 мг пиперин во три поделени дози дневно помогнале да се намали оштетувањето на мускулите по вежбање.
Куркумин се смета за добро толериран и е тестиран во високи дози при кон-сумирање до 12 г на ден.
Сепак, може да предизвика некои несакани ефекти како непријатност во цревата и га-дење. Истражувањата покажуваат дека додатоците на куркума или куркумин со 1-6 г куркумин на ден можат да бидат корисни. Во високи дози, може да има несакани ефекти при варењето на храната.
Куркумата е златен зачин што се користи за лекување на воспаленија, бактериски инфекции и дигестивни проблеми илјадници години. И куркумата и куркуминот можат да го намалат воспалението на зглобовите, холестеролот, шеќерот во кр-вта, да го подобрат здравјето на кр-вните садови и да го нормализираат притисокот, да го спречат растот на ту-морот, габите и бактериите.