Го јакне имунитетот, ги елиминира алергиските симптоми, ја ублажува болката предизвикана од артритис, го елиминира вишокот секрет од бронхиите.
Домашниот лек на база мед, коприва и куркума, покрај тоа што го јакне имунитетот, ги елиминира алергиските симптоми, ја ублажува болката предизвикана од артритис и други тегоби поврзани со зглобовите, го елиминира секрертот кој се собира во бронхиите и го олеснува дишењето.
Оваа комбинација е полн погодок, а еве што ви е потребно за да ја приготвите: 15 полни раце свежи листови млада коприва, 3 супени лажици куркума и 1 килограм квалитетен домашен мед, по можност од костен.
Постапка: Измијте ги листовите од копривата под млаз ладна вода, а потоа оставете убаво да се исцедат и исушат. За сето време додека работите со копривата носете заштитни ракавици. Потоа листовите ставете ги во соковник и исцедете го сокот.
Односот на состојките треба да биде 1:3, односно на една шолја сок од коприва се додаваат три шолји мед. Па така, откако ќе го ја исцедите копривата, измерете ја количината која сте ја добиле, па според неа ориентирајте се за количината на другите состојки.
Медот треба да е во течна состојба за подобро да се соедини со сокот од коприва, па доколку кристализирал, ставете ја теглата во топла вода за да може постепено да се растопи, или пак, постепено загревајте го на пареа додека да стане течен. одбегнувајте високи температури за да не се уништат хранливите состојки во медот.
Потоа излејте го во поголем сад, додадете го сокот од коприва и куркумата, па добро измешајте со дрвена лажица додека состојките убаво да се соединат во еднолична хомогена смеса. Смесата складирајте ја во неколку помали стаклени теглички и добро затворете ги со капак. Чувајте ги во фрижидер.
Оваа мешавина можете да ја додавате во чај, сок или смути или едноставно да ја испиете со топла вода: една или две лажички растворете ги во чаша топла вода и пијте двапати дневно. Во чашата додадете и прстофат црн пипер и 2-3 капки маслиново или кокосово масло за максимален ефект.
Копривата е непроценлива во третирање на различни здравствени состојби. Делува против воспаленија и против алергии, ги отвора затнатите бронхии и носните шуплини, ги олеснува симптомите од алергија и поленска грозница. Лисовите се богати со хлорофил, витамини и минерали, особено со железо.
Куркумата содржи полифенол куркумин, активна материја добро позната по своите антиоксидативни и антиканцерогени својства. Куркумата го намалува нивото на холестеролот, а медот го јакне имунолошкиот систем.