Џин Вилијамс Тејлор се загрижила кога нејзините нокти започнале да и се виткаат надолу. После консултација со пријателите, отишла на лекар да се прегледа.

Џин направила тестирање на крвта, скенирање и рендгенски снимки пред да сфатат докторите дека таа всушност се бори со рак на белите дробови.

По добиената дијагноза, Џин апелира до јавноста за навремено забележување и откривање на знаците кои не смеат да се игнорираат. Кривењето и свиткувањето на ноктите може да биде индикатор за канцер, вели таа.

„Пред две седмици, на Фејсбук закачив фотографии, прашувајќи дали некој некогаш видел такви нокти. Подоцна неколку пријатели ме посоветуваа да одам на лекар. Тогаш мислев дека не е ништо сериозно. После две напорни седмици, вчера ги добив своите резултати… имам рак на белите дробови.“ – напишала Џин.

Кога ноктите се искривуваат, тоа често се поврзува со болест на срцето или белите дробови, а официјалниот термин е „clubbing“. Истражувањата потврдуваат дека ова е многу сериозен симптом за болести на белите дробови.

Истражувањата велат дека „clubbing“ се случува поради трупање на вишок течност во меките ткива на краевите од прстите, а тоа предизвикува и поголем проток на крв на тоа место од вообичаено.

7 симптоми за рак на бели дробови на кои треба да обратите внимание

1.ХРОНИЧНА КАШЛИЦА

Кашлицата која не исчезнува после 2-3 седмици или долготрајната кашлица која се влошува, може да биде важен ран симптом кој говори дека нешто не е во ред со вашиот респираторен систем.

2.ЗАЧЕСТЕНИ ИНФЕКЦИИ ВО БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

Инфекциите на белите дробови се вообичаени, особено после настинки или грип во текот на есента и зимата. Но, ако не можете да се ослободите од нив, тоа би мижело да биде знак за нешто посериозно.

3.БУЧНО ДИШЕЊЕ

Бучното дишење е знак дека нешто необично ве спречува нормално да вдишете воздух во белите дробови или нешто ги притиска, а тоа може да биде вообичаен синдром за тумор.

4.ИСКАШЛУВАЊЕ НА КРВ

Ако искашлувате крв, таа може да доаѓа од белите дробови или од горниот респираторен тракт. Од каде и да доаѓа, крвта сигнализира здравствен проблем.

5.БОЛКА ПРИ ДИШЕЊЕ

Болката при дишење може да биде ран симптом за рак. Отежнато дишење или чувство дека не можете убаво да дишете се предупредувачки симптоми.

6.ЗАМОР И НЕДОСТИГ НА ЕНЕРГИЈА

Сите се заморуваат и остануваат без енергија одвреме на време, но доколку постојано се чувствувате уморно и исцрпено, обратете се на својот лекар. Уморот и недостигот на енергија може да биде знак за белодробна болест, но тоа исто така е симптом и за дијабетес тип 2.

7.ГУБИТОК НА АПЕТИТ, НЕОБЈАСНИВО ГУБЕЊЕ НА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА

Ако необично многу сте ослабеле за кратко време или одненадеж сте изгубиле апетит, тоа би можело да биде знак за нешто сериозно. Губиток на тежината без конкретна причина, може да биде симптом за рак на бели дробови.