Со бројни истражувања се дошло до сознание дека кефирот е намирница кој му годи на целиот организам. Во продолжение на текстот можете да прочитате зошто е добро да се пие барем по една чаша дневно од овој лековит млечен напиток.
КЕФИР е намирница со специфичен вкус. Исто така, тоа е и намирница која многумина ја засакаа, можеби на почетокот не толку поради вкусот, колку поради делотворните состојки и бенефитите кои му ги пружа на нашето тело. Кефирот е ферментиран производ, а го создаваат ензими и микроорганизми. Токму тие влијаат и врз доброто здравје на организмот.
“Кефирот е освежително диететско пробиотички напиток од ферментирано млеко кое содржи јаглеродни киселини и етил алк-охол. Покрај протеините, ги содржи и витамините А, Б1, Б2, Б6, Б12, витамин Д, ниацин, витамин Е, фолна киселина и никотинска киселина.
Од минерали содржи калциум и магнезиум. калциумот влегува во состав на коските, за бите и од него зависи регулацијата за коагулација на кр-вта. Магнезиумот е важен во ензимските процеси и учествува во производството на енергија потребна на клетките и ги штити артериите.
Исто така, учествува во метаболните процеси на мастите, протеините и јаглехидратите, како и ан фосфорот кој е многу важен за раст и одржување на енергијата”, објаснува нутриционистот Бранка Мирковиќ.
Со бројни студии е утврдено дека кефирот поволно делува на речиси целиот организам, а им се препорачува и на децата. Па доколку ве интересира, прочитајте какви сé бенефити и корисности ни ги нуди овој ферментиран, моќен млечен напиток:
I МОЖЕ ДА ГО РЕГУЛИРА ХОЛЕСТЕРОЛОТ – Учесниците кои биле дел од студијата, пиеле секојдневно кефир, па било забележано дека после 8 недели им било намалено нивото на холестеролот. Нутриционистите овој случај го објаснуваат на следниот начин:
Всушност, пробиотиците кои се наоѓаат во кефирот играат голема и значајна улога во намалувањето на нивото на холестеролот. Тие ја регулираат неговата количина која се апсорбира од храната и на тој начин го контролираат неговото вкусно ниво во организмот.
II ПРИДОНЕСУВА ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА НОВОТО НА ШЕЌЕРОТ – Во 2015 година била спроведена студија во која учествувале испитаници кои боледувале од дијабетес. После период од два месеци било утврдено дека сите оние кои редовно секое утро го започнувале со чаша кефир, имале пониски вредности на шеќер во кр-вта.
III ПОВОЛНО ВЛИЈАЕ ВРЗ РАБОТАТА НА БУБРЕЗИТЕ, ЦРНИОТ ДРОБ, СРЦЕТО И НЕРВНИОТ СИСТЕМ – кефирот е богат со витамините Б1, Б12 и витаминот К. Претставува одличен извор на на биотин, витамин Б кој му помага на телото да ги апсорбира останатите витамини од Б групата, како што се фолна киселина, пантотенска киселина и Б12.
Повеќеструко е значењето од внес на доволни количини од витаминот Б. Тој ја регулира работата на бубрезите, црниот дроб, срцето и нервниот систем. Исто така, помага во олеснување на кожните проблеми и одржувањето на младоликиот изглед.
IV ЈА РЕГУЛИРА РАБОТАТА НА ДИГЕСТИВНИОТ ТРАКТ – Во цревата се наоѓаат добри и лоши бактерии, а одржувањето на рамнотежата меѓу нив е многу важно. кефирот содржи добри пробиотски култури кои ја регулираат работата на цревата, помагаат во подобро варење на храната, но исто така, спречуваат подување и дијареа.
Нутриционистите советуваат секогаш кога е намален имунитетот, а особено кога се консумираат антибиотици или после антибиотска терапија, да се зголеми внесот на кефирот, за да се спречи дисбаланс на микрофлората во цревата и да со сочува нивната правилна работа.
V ДОБАР ЗА ИМУНИТЕТ – Полн е со витамин Ц и добри минерали, па затоа е одличен за зајакнување на имунолошкиот систем. Богат е со протеини и го јакне метаболизмот, но и поттикнува побрзо оздравување и закрепнување на организмот после некоја болест и вирусна инфекција.
Кефирот е толку здрав напиток што уште го нарекуваат и „магично млеко“. Се прави од козјо, кравјо или овчо млеко, кое се меша со габата кефир и се остава да ферментира. Одличен пробиотик е, полн е со здрави квасци, витамини, минерали и хранливи состојки.
Лесно го консумираат и оние луѓе кои се нетолерантни на лактоза. Постојат многу причини зошто кефирот е подобар од јогуртот, и затоа би требало повремено да се замени со овој напиток.
ШТО СЕ КЕФИРНИ ЗРНЦА? Станува збор за комбинација од квасци и посебни бактерии, измешани со разни протеини, липиди и шеќери, од кои се формираат „кланови“ од здрави бактерии во ферментираното млеко, па затоа кефирот има густа структура.
Кефирот е многу стар пијалак (се верува дека се користи повеќе од 5 000 години). До нас стигнал патувајќи од Кавказ, преку Кина.
КАКО СЕ ПРАВИ? Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не се добива со помош на „ габата на кефирот “, туку од хмељ и култури на бактерии кои на напитокот му даваат ист вкус, но не и квалитет. Најдобро е да го подготвите во домашни услови.
Кефирот е ферментирана млечна напивка со киселкаво-освежувачки вкус со лесна нота на свеж квасец, кој се добива со помош на култура од кефир или кефирни зрнца. Се смета дека потекнува од Кавказ и дека е стар и до 1.000 години.
Жителите на Кавказ се познати по својата долговечност и добро здравје, живеат речиси без болести, што се припишува на нивното секојдневно и неограничено консумирање кефир. Културата на кефирот ја нарекуваат и кефирна габа, но кефирните зрнца не се габи.
Кефирните зрнца, кои по изгледот потсетуваат на варен карфиол, по составот се мешавина од белковини, аминокиселини, липиди и топливи полисахариди и содржат симбиоза меѓу големиот број добри, млечно-кисели бактерии, оцетни бактерии и видови квасец.
Зрнцата кефир се хранат и се размножуваат во млекото и немаат рок на траење, можат да живеат вечно. Многу обиди на микробиолозите кефирните зрнца да ги произведат во лабораторија упорно завршуваат со неуспех. Прашањето од кај дошле и како настанале остануваат без научен одговор. Кефирните зрнца може да се добијат од некој што веќе ги има и веќе сам прави кефир дома.
Подготовка: Начинот на подготовка е многу едноставен. Потребно е само млеко и печурки, односно зрнца од кефир. Традиционално, за подготовка на кефир не се користат метални садови и лажици, бидејки може да го уништат лековитото дејство на напитокот.
За половина литар на кефир се потребни две лажици од кефирните зрнца и било какво млеко (кравјо, овчо, козјо). Млекото може да биде варено или не, но не смее да биде врело. Се препорачува млекото да не содржи помалку од 2,8% маснотии – колку е содржината на маснотии во млекото поголема, кефирот е подобар.
Постапка: Млекото се става во стаклен или пластичен сад и се ставаат зрнцата. Се поклопува ( на пример со тацна ), и се остава на собна температура 24 часа. Температурата во просторијата не смее да биде повисока од 30 степени. Во рок од 24 часа течноста ќе се згусне.
Може повремено да се промеша поради проверка на густината.После тоа, треба да се процеди кефирот ( се препорачува да се користи пластична цедалка ), да се прелие во шише и да се чува во фрижидер. Печурката на кефирот треба да се измие со ладна или млака вода и ден – два ( до следната употреба ) да се остави во фрижидер, во ладна вода или млеко.
Зрнцата од кефир многу брзо ќе се намножат, што ќе овозможи добивање на поголема количина на напиток. Количината на млеко за подготвување на кефир се зголемува сразмерно на количината на зрнца. Напитокот за цел на одржување на здравјето и виталноста може да го пиете секојдневно. Се препорачува да се започне со 100 мл и постепено да се зголемува количината. За тераписки цели пијте еден литар кефир дневно.
ПОДГОТОВКА НА ВОДЕН КЕФИР. Зрнцата од млечниот кефир, ако добро се измијат со вода за да се отстранат трагите од млекото може да се приготвуваат со вода, како т.н. јапонски кристали. Со овој начин на приготвување, кефирот останува пробиотик со сите негови својства, само што добиваме поинаков вкус на пијалокот кој всушност е газиран сок.
Потребни состојки: една стаклена тегла од 750 мл, дрвена лажица за мешање, газа или филтер за кафе за да се покрие теглата, пластична цедалка, 3-4 лажички габички кефир, добро измиени со вода, 3 лажици шекер, 1/2 л вода, 10-тина зрна суво грозје, 1/2 лимон, суво овошје за вкус по желба
Постапка: Ставете ја водата во теглата (водата да биде на собна температура, ако е од чешма да биде провриена а најдобро е минерална вода да се користи), додадете ги зрната кефир, шеќерот и сувото грозје (обично седум зрна на 2 литри вода, можете да ставите и смокви, сливи, брусница, кајсии…) за ферментација, половина лимон (може и портокал, цитрон и сл.) за вкус. Покријте ја теглата со газичка и стегнете ја. Колку повеќе време ја оставите да отстои повеќе ферментира од 24 до 72 часа.
48 часа е доволно за да го добие потребниот вкус. По 48 часа процедете ја течноста преку пластична цедалка во друг сад или тегла. На габичките повтрно им се додава шеќер и вода и ја повторувате постапката. Важно е да не користите метални предмети при подготовката.
Каде да ја набавите печурката на кефирот? За жал печурката не можете да ја набавите во трговија. Може да ја набавите од некој кој веќе ја има. Таа брзо се размножува, па не е проблем да се подели со други.
ВИСТИНСКАТА ДОЗА – Во терапевтски цели за подобрување на здравјето може да земате и еден литар кефир дневно. За почеток добро е да почнете со помала доза, на пример, 100 мл дневно, потоа постепено да го зголемувате количеството.
Kефирот радикално го менува составот на цревната флора – корисни бактерии, кои ги уништуваат патогените и го заземаат нивното место, а тоа кај некои лица може да предизвика минливи дигестивни проблеми. Лицата осетливи на млечни производи најчесто добро поднесуваат кефир бидејќи во процесот на ферментација тешко сварливите компоненти од млекото се разградуваат и се преработуваат.
Бактериите од кефирот го разградуваат млечниот шеќер лактоза, па затоа може да го користат оние што не поднесуваат лактоза. Минералите од млекото, на пример, калциумот, при процесот на ферментација станува полесно достапен и организмот полесно може да го искористи.
Оние што внимаваат на внесувањето на јаглеродните хидрати може уште повеќе да ја намалат содржината на шеќер во кефирот на начин што по цедењето ќе го остават уште еден или два дена на собна температура да созрее. Овој зрел кефир содржи најмалку шеќер, а содржината на витамините Б1, Б6 и Б9 (фолна киселина) се зголемува.
Исто така, се зголемува и содржината на алкохол во кефирот, кој може да изнесува од 0,8 до 2 отсто. Вообичаеното количество алкохол во еднодневен кефир изнесува 0,08 до 0,1 отсто.
РЕДОВНО КОНЗУМИРАЊЕ НА КЕФИР ОВОЗМОЖУВА: го јакне имунитетот; го чисти организмот од токсини; помага во воспоставување на нормален крвен притисок; го намалува нивото на холестерол; помага при болести на желудник; ја обновува флората и ги ублажува цревните болести; помага при болести на црниот дроб, бубрези и жолчка; лекува воспалителни процеси (природен антибиотик); помага при слабокрвност и слаба циркулација; лекува респираторни заболувања; помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем; делува против габички и бактерии– го успорува ширењето на канцерогените клетки; помага кај астма и алергии
Исто така содржи многу пробиотици или т.н добри бактерии кои се многу важни за дигестивниот тракт како на пример: Lactobacillus Caucasus, Leuconostoc, Streptococcus, Acetobacter и неколку благотворни квасци како Saccharomyces и Torula kefir.