ДИВИТ БАКЛАВА „Слатка симфонија“ со ореви, урми и бисквити…Кралица!
Овие сочни и неодоливи ролнички се вистинска радост за сите љубители на слатки задоволства!
Лесни за подготовка, а вкусот е толку богат што ќе ве освои уште на првиот залак, пишува НМД. Еве како да ги направите:
Потребни состојки:
За сирупот (шербет):
– 500 г шеќер
– 500 мл вода
– 1 ванилин шеќер
– 2-3 парчиња лимон
– НМД
За ролничките:
– 500 г кори за баклава
– 200 г свежи урми
– 100 мл млеко
– 200 г путер (50 г одвоени за премачкување)
– 300 г мелени плазма бисквити
– 150 г мелени ореви
Постапка:
Во тенџере ставете шеќер и вода, мешајте додека шеќерот да се растопи. Гответе на висока температура 5 минути, па намалете на средна и варете уште 5 минути.
Додајте ванилин шеќер и парчиња лимон, оставете да се излади.
Урмите прелијте ги со топла (не врела) вода, па исцедете ги и испасирајте ги со 100 мл млеко.
Растопете 200 г путер, одвојте 50 г путер за премачкување, а остатокот измешајте го со урмите, мелените бисквити и оревите. Филот треба да биде цврст и да може да се обликува.
Земете 2 кори за баклава. Првата попрскајте ја со малку масло, ставете ја втората одозгора, па распоредете дел од филот по должината.
Завиткајте ги ролниците – или рамно или во облик на дивит баклава (со помош на тенко дрвено стапче, нежно собирајте ги кон средината).
Наредете ги во плех, исечете ги на големина по желба, премачкајте ги со растопен путер и печете на 180°C околу 25 минути, додека да поруменат.
Врелите ролници прелијте ги со ладниот сируп и оставете ги да отстојат 30 минути за да го впијат.
Уживајте во оваа слатка симфонија на вкусови – совршена за секоја прилика! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: