Јадете вкусно јадење а сепак cлабеете. Овој оброк е заcитен и нутритивно богат, изобилува со хранливи материи и растителни влакна, ги иcполнува цревата и долго ве држи cити. Ова јадење кое се приготвува со зеленчук им се препорачува на сите, особено на оние кои внимаваат на своите килогpaми. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г сечкана зелка, 2 компири со средна големина, 1 главица кромид, 2 зелени пиперки, 1/2 црвена пиперка, 1 морков, 3 супани лажици масло (60 мл), 50 г рендан чедар или кашкавал по ваш избор, 5 јајца, 1 лажичка чили во прав, 1 лажичка црн пипер во прав, 1 лажичка сол, 1 рака сечкан свеж магдонос




ПОСТАПКА: Сиот потребен зеленчук потребно е добро да се измие под млаз ладна вода, да се излупи и исчисти. Компирите откако ќе ги излупите, измијте ги уште еднаш, па потоа исечкјате ги на колку што можете поситни коцкички.




Кромидот исто така излупете го, па исечкјате на ситни коцкички. Пиперките исчистете ги од семето, а потоа и нив иситнете ги (две зелени и половина црвена пиперка, а кој сака може да стави и малку лута пиперка). Морковот изрендајте го на крупната страна од рендето, а зелката исечкајте ја ситно како за салата.




Во голема широка тава ставете 60 мл масло за готвење, па вклучете да се загрее на умерен оган. Најпрво ставете ги да се запржат ситно сечканите компири и кромидот. Промешајте и поклопете со капак.




Повремено промешувајте, па кога ќе омекнат додајте ги ситно сечканите пиперки. Мешајте минута-две, па додајте ја сечканата зелка и ренданиот морков. Промешајте со лажица додека сите состојки рамномерно да се изедначат.

 




Посолете со една лажичка сол или по вкус, промешајте и поклопете. Гответе на тивко до умерено со повремено промешување додека зеленчукот да омекне. Потоа трегнете на страна. Во посебен сад изматете пет јајца, зачинете со по една лажичка сол, црн пипер и црвен пипер, а потоа додајте една рака ситно сечкан свеж магдонос.




Во оваа смеса додајте го издинстаниот зеленчук и промешајте. Потоа половина од смесата излејте ја во намастена тава. Израмнете, наросете рендан кашкавал, а одозгора распоредете го остатокот од смесата. Ако печете на рингла, тогаш на тавата ставете капак и загревајте на умерена температура додека долната страна да зарумени.




Превртете со помош на голема чинија, па печете и од другата страна (може да се испече и во рерна). Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.