ДИЕТАЛНИ ПАЛАЧИНКИ: Можам cите да ги изeдам од што се пpевкусни…без гpижа на cовест! Честопати ги правам за појадок, но некогаш ми го заменуваат и ручекот.

Освен што се многу здрави, тие се пpевкусни и ниcкокалорични! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тиквичка
2 компири со средна големина
1 поголема главица кромид
малку масло и сол по вкус (1 лажичка)

За тестото:
3 јајца
200 мл млеко
130 г брашно
5 г прашок за печиво
1 лажичка сол (по вкус)
коријандер или магдонос (билки по вкус)

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги ренданите компири и ренданата тивкичка. Посолете и оставете да го испуштат сокот. Кромидот ситно исечакјте го и издинстајте го на малку масло додека да омекне.

Во подклабок сад изматете ги јајцата со млеко и малку сол. Додајте го брашното и прашокот за печиво па изедначете за да нема грутчиња.

Зеленчукот истиснете го низ раце да исцедите што повеќе сок. Помешајте го со смесата од јајца и млеко, па додајте ситно сечкан коријандер или магдонос, како и динстаниот кромид. Изедначете и смесата е готова.

Загрејте го тавчето на умерена температура и намастете го со малку масло.

Распоредете од смесата рамномерно во тенок слој.

Штом зарумени од долната страна и зацврсти горната, со четка премачкјате ја одозгора со малку масло.

Превртете ја палачинката и продолжете со печењето додека убаво да зарумени. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.