ДИЕТАЛНА КРЕМ СУПА ОД ТИКВИЧКИ…Многу вкусна и заситна, можам секој ден да ја јадам…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл):

3 тиквички
30-40 мл маслиново масло
1 лажица путер
2,5 лажици брашно
1,5 лажички сол
1 лажичка црн пипер
1 чаша млеко
1 грст ситно сечкан копар

ПОСТАПКА:

1.Најпрво излупете ги тиквичките и исечете ги на коцки. Во тенџерето растопете ги маслиновото масло и путерот, па додајте ги тиквичките.

2.Гответе со повремено мешање додека тиквичките да ја испуштат водата и малку омекнат.

3.Додајте брашно и мешајте уште 2-3 минути, па сипете 1 литар зовриена вода. Зачинете со црн пипер и сол и варете под капак додека да омекнат тиквичките.

4.Кога тиквичките ќе омекнат, ставете ги во блендер и вратете ги на шпорет, додајте 1 чаша ладно млеко и варете ги на тивок оган 3-4 минути.

5.Исклучете го шпоретот и додајте ситно сечкан копар. Супата е готова и можете да ја послужите. Постапката погледнете ја ОВДЕ.