Оваа диета речиси и не содржи јаглени хидрати и поради тоа е толку успешна. Доколку сакате да ослабете, оваа диета која се базира на варени јајца може да биде вистинското решение за вас.

Иако во оваа диета се дозволени мал број намирници, сепак ваквиот режим на исхрана може да го забрза вашиот метаболизам и да ги согори масните наслаги.

Диетата со варени јајца трае 14 дена, а доколку сте примерни и се придржувате буквално кон упатството, килограмите кои ќе ги изгубите нема повторно да се вратат, како што тоа е случај со повеќето јо-јо диети.

Покрај менито, потребно е да пиете доста вода за да помогне во исфрлањето на отровите и метаболните продукти настанати при согорувањето на мастите, но исто така, се препорачува да бидете повеќе физички активни и по можност да вежбате половина час дневно.

Овие три правила МОРА да ги почитувате:

-не смеете да јадете брза храна

-забранети се алкохол и засладени пијалаци

-намалете го внесот на шеќер – на минимум

МЕНИ ЗА ПРВА СЕДМИЦА

Појадокот е ист за сите денови: 2 варени јајца и половина цитрус (портокал, цитринон или цела мандарина)

ПОНЕДЕЛНИК

Ручек: 2 помали компири и 2 јаболка

Вечера: 1 голема порција салата и парче пилешко бело месо печено без многу маснотии

ВТОРНИК

Ручек: зелен зеленчук и пилешка салата

Вечера: салата од зеленчук, 1 портокал и 2 варени јајца

СРЕДА

Ручек: никсомасно сирење, 1 домат и 1 сладок компир (батат)

Вечера: салата по избор и парче пилешко

ЧЕТВРТОК

Ручек: овошје по избор

Вечера: салата и пилешко варено на пареа

ПЕТОК:

Ручек: варен зеленчук и 2 јајца

Вечера: салата и димена риба

САБОТА

Ручек: овошје по избор

Вечера: пилешко и зеленчук варени на пареа

НЕДЕЛА

Ручек: доматна салата, зеленчук готвен на пареа и пилешко

Вечера: зеленчук варен на пареа

МЕНИ ЗА ВТОРА СЕДМИЦА

Појадокот е ист како и за првата седмица: 2 варени јајца и половина цитрус (портокал, цитрон или цела мандарина).

ПОНЕДЕЛНИК

Ручек: салата и пилешко

Вечера: портокал, салата и 2 варени јајца

ВТОРНИК

Ручек: 2 варени јајца и зеленчук варен на пареа

Вечера: салата и риба на скара

СРЕДА

Ручек: салата и пилешко

Вечера: портокал, салата и 2 варени јајца

ЧЕТВРТОК

Ручек: зеленчук варен на пареа, малку немасно сирење и 2 варени јајца

Вечера: салата и пилешко

ПЕТОК

Ручек: салата од сардина

Вечера: салата и 2 варени јајца

САБОТА

Ручек: салата и пилешко месо

Вечера: овошје по избор

НЕДЕЛА

Ручек: Зеленчук готвен на пареа и парче пилешко

Вечера: исто така зеленчук готвен на пареа и парче пилешко.

Оваа диета речиси и да не содржи јаглени хидрати и тоа е една од причините зошто секому му успева. За секој случај, пред примена на било која диета, па и на оваа, консултирајте се со вашиот лекар.