Сезона е на цреши, па сите кои го сакаат нивниот вкус, нека си приготват по некоја тегла за во зима.
Потребни состојки:
1 кг цреши
300 г шеќер
1 лимон
100 мл вода
Постапка:
Црешите измијте ги добро и остранете ги семките од нив. Ставете ги во тенџере на оган и варете ги со водата околу 20 минути.
Кога ќе почне да се згуснува, додадете го шеќерот и лимонот исечен на тркалца. Лимонот претходно треба да биде измиен со раствор од сода бикарбона и јаболкова киселина.
Се вари со повремено промешување уште 30 минути на тивок оган. Откако ќе се свари џемот, се вадат тркалцата лимон.
Се складира во стерилни, стаклени тегли (претходно 5 минути се греат во рерна на најниска температура).
Врелите тегли се затвораат и џемот е подготвен за зимница. Деталите од постапката за приготвување можете да ги погледнете во видеото: