Лицата кои се родени во февруари се многу искрени и секогаш ја говорат вистината, без разлика на последиците. Секогаш им ги укажуваат грешките на своите пријатели и подготвени се да им помогнат. Пријателите се многу среќни што ги имаат, бидејќи секогаш ќе ја слушнат вистината од нив.
Оригинални се и сакаат да учат од своите искуства, наместо слепо да ги следат трендовите. Уживаат во нови вештини, ситуации и активности. Нивната оригиналност може да се забележи и во начинот на обликување.
Честопати знаат да бидат и таинствени, па затоа многу е тешко да се одгатне што се наоѓа зад нивниот ум: Создаваат таинствена аура поради која стануваат уште попривлечни за луѓето околу себе.
За успех во животот потребно е да се има силна волја и снага. Упорноста е една од карактеристиките кои луѓето родени во вториот месец од годината ја имаат во изобилство.
Па дури, поради својата упорност и волја да ги решаваат проблемите и да одат напред, честопати се мета на љубомора и завист.
Децата родени во февруари, најкраткиот месец во годината се специфични по многу нешта. Истражувањата покажале дека овие деца се физички понапредни, односно повисоки и потешки во однос на врсниците кои не се родени во февруари.
Исто така, зимските деца остваруваат подобри резултати на тестовите за интелигенција, имаат поизразена уметничка и креативна црта, но и големи се шансите да бидат славни. Личностите родени во втората половина на февруари се многу задоволни на професионален план.
Ако ги ставиме статистиките и истражувањата настрана, она по што се разликуваат децата родени во овој месец е особено фактот што доколку се родат на 29. февруари, не може секоја година да го слават роденденот, туку секоја четврта престапна година.
Ова се 10 главни одлики со кои се карактеризираат личностите родени во февруари
I Тие се искрени. Личностите родени во февруари се многу искрени. Тие не се плашат да ја кажат вистината, без оглед на последиците и ситуацијата во која се наоѓаат. Тие им ги посочуваат грешките на своите пријатели и се критични кон нив, така што навистина можете да им верувате во она што ви го зборуваат.
II Тие се оригинални. Личностите родени во овој месец сакаат да учат од своите сопствени искуства, наместо слепо да ги следат трендовите. Тие уживаат во нови вештини, ситуации и активности. Нивната оригиналност може да се забележи и во начинот на кој се облекуваат.
III Тие се таинствени. Понекогаш тешко е да дознаете што се крие зад умот на личностите родени во февруари. Тие околу себе ставаат аура на таинственост, поради што уште повеќе им стануваат привлечни на луѓето во нивната околина. Понекогаш ги задржуваат сите детали за себе, но не затоа што сакаат да ве измамат, туку затоа што сметат дека тој дел не е интересен.
IV Сакаат да поместуваат граници. Личностите родени во февруари знаат да размислуваат „надвор од кутијата“ и тие се големи иноватори во своето поле на интереси. Не е ни чудно што многу големи научници се родени токму во овој најкраток месец во годината.
V Уживаат во она што го работат. Иако на прв поглед може да ви се чини дека тие се бавни во извршување на своите задачи, сепак, тие уживаат во она што го работат. Водени се од логиката и сакаат да ги анализираат своите постапки.
VI Тие се упорни. За да се биде успешен во животот, потребно е да се има силна волја. Токму упорноста е една карактеристика која луѓето родени во вториот месец од годината ја имаат целосно. Токму за ова, многумина им се љубоморни.
VII Тие се посветени на своето семејство. Доколку барате партнер кој ќе ви биде посветен, тогаш обидете се со личност родена во февруари. Не само што тие им се лојални на своите брачни партнери, туку и на членовите во семејството.
VIII Тие се љубители на животните. Личностите родени во февруари се големи љубители на животните и се фасцинирани од животинскиот свет. Уште од најрана возраст тие сакаат да имаат домашни миленици, особено кучиња, а со задоволство одат и во зоолошка градина, a неретко и посвојуваат некое од животните.
IX Сакаат да им помагаат на другите. Личностите родени во февруари се многу хумани. Тие сакаат да им помагаат на другите и да се борат за правата на оние на кои им се одземени. Тие не се скржави, напротив, многумина им се восхитуваат на нивната дарежливост.
X Тие се тивки и скромни – Личностите родени во февруари немаат потреба да бидат гласни за другите да ги слушнат или да ги забележат. Децата родени во овој месец се среќни дури и кога се тивки и скромни.
Нивниот скапоцен камен е аметист, нивното омилено куче е кокер шпаниел, нивниот омилен цвет е ирис, а нивната омилена арома е цимет во топло чоколадо.