Ако и вие имате деца кои не сакаат да јадат зелка, тогаш ова јадење сигурно многу ќе им се допадне на вашите најмили. Лесно се подготвува, а вие самите можете да во ведете и некои измени по ваш вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бургери: 500-600 г мелено месо, 1 главица кромид, сол, зеленчукова мешавина (италијанска или вегета), црн и црвен пипер во прав, 2 чешниња лук. За сос: 1 врзоп млад кромид, 1 китка свеж копар/мирудија, 5-6 супени лажици кисела павлака (цврст јогурт) и 2 мали лажички доматна паста/сос.
И уште: 1 зелка, сол и црн пипер, малку масло, 3 компири, сол, црн и црвен пипер, 2 чешниња лук, 4 супени лажици растително масло, 60 г рендан пармезан, малку свеж магдонос + малку рендан пармезан
ПОСТАПКА: Сипете го меленото месо во подлабок сад, па додајте ситно сечкан кромид, ситно мелен лук и зачини во ваш вкус. Добро измесете ја смесата за да се соединат сите состојки, па оставете во фрижидер да отстои половина час.
За тоа време пригответе го сосот: ситно исечкајте го младото кромитче и мирудијата, зачинете и помешајте со киселата павлака (цврстиот јогурт) доматниот сос. Добро соединете за да се изедначи.
Зелката исечете ја на тркалца со дебелина од приближно 2 см. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Посолете ги и запиперете ги. Потоа од меленото месо обликувајте бургери (плескавици) и редете ги врз зелката.
Врз секое тркало зелка поставете една плескавица. Врз месото распоредете по 1-2 лажици од белиот сос. Тој треба да е густ и да не се растекува надвор од месото. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 45 минути или додека убаво да се попече.
Пригответе го прилогот: ком пирите исечете ги на крупни парчиња, на пример четвртини или осминки во зависност од големината на компирите. Дресингот направете го од наведените состојки, па залијте ги компирите и промешајте.
Наредете ги во плех обложен со хартија, во еден ред, да не се едно преку друго, зашто на овој начин најдобро ќе се испечат. Печете ги 15-20 минути од секоја страна, во загреана рерна на 200 степени. Пред печењето наросете ги со малку рендан пармезан кој ќе им даде дополниетелен крцкав вкус.
Најпосле измешајте ситно сечкан свеж магдонос со рендан памезан, па наросете ги печените бургери со зелка, а остатокот сипете го врз печените компири и промешајте. Уживајте во вкусниот ручек. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.