Трослојниот десерт познат по името Магичен колач стана ХИТ преку ноќ, а неговата привлечност лежи во фактот дека за негово приготвување не ви се потребни егзотични состојки или некои чудни техники.

Она што го прави поинаков од другите е тоа што мекототесто се пече на ниска температура, па поради тоа се создаваат два слоја: густ, мек базен слој и кремаста средина.

Иако рецептот постои веќе некое време, интернетското пребарување по овој колач драстично се зголеми во последно време, бидејќи кратките и студени денови ги мотивираат луѓето на слатки вкусови.

Ова е основниот рецепт, но можете да експериментирате и да додадете чоколадо, зачини, кикирики, путер, лимон, различни ликери и друго.

Потребни состојки:

4 јајца

120 г шеќер

1 лажичка екстракт од ванила

115 г растопен и изладен путер

95 г брашно

400 мл топло млеко

Постапка:

Жолчките изматете ги со шеќер, па додека миксате додадете ја ванилата и путерот, потоа и брашното, па на крај постепено додавајте го млекото. Во смесата потоа измешајте ги белките кои сте ги изматиле во цврст снег.

Смесата излејте ја во калап и ставете да се пече на температура помеѓу 160 и 175 степени. Оставете да се пече од 40 до 70 минути.

Пред да го послужите колачот оставете го да излади барем три часа во фрижидер, па потоа наросете одозгора со шеќер во прав.