Ова е десертот од нашето детство, „тоблероне“ со сусам и мед кој најмнгу го сакавме. Кај нас често се приготвува и најобожаван десерт е за славите.
Ако ви е потребен рецепт за ситни колачи кој брзо и лесно се подготвува, тогаш запишете си го овој. Еве што ви е потребно според рецептот на Мала Мариа, а под нејзиниот рецепт можете да прочитате уште еден, поедноставен, на читателот Максимилиан МД:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 лажици мед, 50 г шеќер во прав, четвртина од коцка маргарин/путер (околу 65 грама), 50 г темно чоколадо за готвење, 50 г ситно сечкани ореви, 100 г мелени бисквити, 100 г сусам.
ПОСТАПКА: Во тавче запржете го сусамот без додавање масло. Со повремено мешање, сусамот се пржи на тивко додека да порумени малку и почне да го испушта својот пријатен мирис.
На тивок оган растопете ги медот и шеќерот во прав. Додајте ги маргаринот и чоколадото, и мешајте додека сè да стопи и соедини. Се трга од оган и во смесата се додава претходно пропржениот сусам, ситно сечканите ореви и мелените бисквити (плазма).
Соединете сè и веднаш наредете во калап во форма на триаголник. Најдобро е калапот претходно да се покрие со фолија или со пластична кеса за замрзнување за подоцна полесно да се извади колачот од него.
Можете да правите и други облици по желба. Доста брзо се стега, но најдобро е да го чувате во фрижидер барем неколку часа пред да го исечете и послужите. Се сече на помали триаголници како тоблероне и се ужива во вкусот. Во продолжени прочитајте го рецептот на Максимилиан МД:
„Јас сите состојки ги мерам со чаша од 200 мл. Сусамот малку пропржете го, но не премногу за да не горчи. Веднаш истурете го во друг сад за да се лади. Чаша и пол шеќер испржете на сува тава додека да добие златна боја и веднаш додајте коцка маргарин.
Штом се растопи додајте половина чаша слатка павлака (не мора, но откако го испробав со овој додаток, сусамките излегоа уште повкусни, највкусни досега) и во сето кога ќе се соедини вмешајте го сусамот.
Сето ова мора брзо да се прави, бидејќи брзо се лади и се стегнува. Пресипете ја смесата врз хартија за печење, распоредете и притиснете преку друго парче хартија. Со оглагија развлечете до дебелина која ја сакате.
Веднаш со натопен нож (во вида) исечете ги саканите облици. Оставете да се олади на собна температура. Исто така, наместо сусам може да користите сечкани кикирики (испробано! и превкусно), но и други јаткасти плодови по вкус.