Десерт за 5 минути…КОЛАЧ КОЈ ЌЕ ГО ПРАВИТЕ СЕКОЈ ДЕН…Толку е мек, се топи во уста како шеќерна волна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
120 г брашно
4 лажици шеќер во прав
8 г прашок за печиво
2 лажици масло
1 лажица сок од лимон
џем од шумско овошје или по избор
кокосово брашно

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата додека да го зголемат волуменот и станат кремасти. Додајте шеќер во прав, а по неколку минути матење додајте ги маслото и лимовоиот сок.

2.На крај постепено додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и промешајте со лажица или шпатула, внимавајќи смесата да остане пенлива.

3.Смесата излејте ја во плех 28 см обложен со хартија и печете 25 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

4.Печениот пандишпан превртете го врз парче хартија посипано со шеќер во прав, па отстранете ја хартијата на која се печеше.

5.Премачкјате ја површината со џем и внимателно свиткајте долг ролат сосе хартијата. Оставете го 30 минути во фрижидер.

6.Ролатот премачкјате го со џем и посипете го со кокос, па послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.