Десерт за 5 минути кој го намалува шеќерот во крвта и ги регулира килограмите…Тиквата cтимулира зголемување на бројот на клетки кои произведуваат инсулин и, до одреден степен, ги обновува оштетените области на панкреасот.

Тиквата го намалува ризикот од развој на атеросклеротични процеси во големи и мали садови.Тиквата ја подобрува состојбата при постоење на атеросклероза и церебрална исхемија. Тиквата го стимулира производството на природен инсулин.

Ѓумбирот содржи супстанца која може да ја неутрализира гликозата во телото без вклучување на инсулин, што доведува до забележително намалување на нивото на шеќер во кpвта.

Антиоксидансите во ф’стаците ја забавуваат или целосно ја запираат реакцијата на гликација на протеинот, што доведува до нерамнотежа во киселинско-базната рамнотежа во организмот и појава на дијабетес, кој ги yништува ткивата на човечкото тело.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

350 г тиква
3 јајца
300 мл млеко
1 лажичка цимет
0,5 лажичка сув ѓумбир
1 лажичка засладувач по вкус

ПОСТАПКА:

Исечете ја тиквата на половина и исчистете ја од семките. Приближно тежи 350 грама.
Ставете ја тиквата во кеса за печење и со чепкалка направете неколку дупчиња. Ставете ја да се пече во рерна на (356°F) или (180°C) 35 минути.

Кога ќе се олади со лажица извадете ја пулпата и со рачен блендер испасирајте ја во пире.

Во посебен сад скршете 3 јајца. Изматете ги со миксер додека да станат пенливи. Во посебен сад сипете 300 мл млеко и додајте 1 лажичка цимет, 0,5 лажичка сув ѓумбир, и 1 лажичка засладувач по вкус. Промешајте. Ако тиквата е многу слатка, нема потреба да ја засладувате.

Додајте го пирето од тиква и повторно промешајте. Ставете на оган да се загрева и доведете го речиси до вриење, но не треба да зоврие. Во тенок млаз сипете ја топлата смеса од млеко и тиква во јајцата и непрекинато матите со миксерот.

Добиената смеса сипете ја во калапи или огноотпорни садови, па ставете ги во рерна загреана на (338°F) или (170°C) 20-30 минути.

Потоа, откако ќе се подизладат на собна температура, ставете ги во фрижидер да се изладат најмалку 1 час. Исецкајте ф’стаци за да го декорирате десертот.

Посипете со сируп од агава. Бидете здрави и грижете се за себе! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.