Десерт за 5 минути кој ќе ве воодушеви…Многу вкусно, брзо и лесно…сите бараат рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
350 г наполитанки
За крем:
500 мл млеко (2 чаши)
120 мл слатка павлака (1/2 чаша)
50 г шеќер (1/4 чаша)
40 г скроб/нишесте/густин (3 лажици)
40 г какао во прав (3 лажици)
ПОСТАПКА:
1.Тесен, долгнавест калап (за ролати или леб) обложете го со стреч-фолија, па наредете го со наполитанки.
2.Во длабоко тенџере сипете ги сите наведени состојки за крем и добро промешајте за да нема грутчиња. Ставете на оган и мешајте непрекинато додека да згусне.
3.Топлиот крем веднаш сипете го врз наполитанките и рамномерно распоредете го. Протресете и потчукнете за да навлезе кремот помеѓу наполитанките.
4.Оставете да се олади прво на собна температура, а потоа 4 часа во фрижидер. Превртете го колачот врз десертна чинија и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/okHtGEfg0Ew?si=eIZZRsSyA7DtfeGu