Фото и десерт: Ивана Драгиќ

Потребни состојки за бел слој:

200 г бело чоколадо
250 мл слатка павлака 18% или 35%
250 мл полномасно млеко
10 г куахада (има објаснување најдолу) или 7 г желатин

За кафеав слој:

200 г млечно чоколадо
250 мл слатка павлака
250 мл полномасно млеко
10 г куахада или 7 г желатин

за темен слој:

200 г чоколадо за готвење
250 мл слатка павлака
150 мл полномасно млеко
10 г куахада или 7 г желатин

Постапка:

1.Слоевите се приготвуваат посебно. Прво се излева едниот слој, па се остава во фрижидер да излади. Кога ќе биде изладен првиот слој, се излева следниот, па повторно се остава во фрижидер на ладење.

Важно е да се процени висината на слоевите, за сите три да бидат горе-долу со иста величина. Искористете онолку чаши колку што мислите дека е потребно за да се искористи целата смеса.

2.Тортата во чаша се приготвува на многу едноставен начин: се мешаат сите состојки од еден слој во тенџере, па се ставаат на тивок оган да се загрее смесата до точка на вриење (без да зоврие), со постојано мешање за да не се дозволи да загори. И толку. Оставете малку да излади, па топло излејте во чаши и постапете како што е објаснето во точка еден.

Во оригиналниот рецепт пишува “cuajada” (куахада), а тоа е еден вид сурутка во прав, што е типично за шпанските простори. Меѓутоа алтернатива секогаш постои, а тоа е желатинот. Во овој случај на 10 г куахада идат 7 г желатин или помалку, ако ставате желатн во листови – тогаш се доволни само три ливчиња.

Фото и десерт: Ивана Драгиќ