ДЕСЕРТ СО БИСКВИТИ ЗА 5 МИНУТИ: За кремот веќе ги имате состојките, само треба да го изладите во фрижидер…Се топи во уста! Можете да го приготвувате секој ден и нема да ви здосади…Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
350 г мини плазма кекси или бисквити по ваш избор
За пудинг:
1 литар млеко
1 јајце
1 чаша шеќер (180 г или по вкус)
3 лажици скроб
2 лажици брашно
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка шлаг (75 г)
За чоколадна глазура:
2 чаши млеко (400 мл)
80 г шеќер
2 лажици какао во прав
2 лажици скроб
40 г млечно чоколадо
1 лажица путер
ПОСТАПКА:
1.За пудингот: во тенџерето додајте ги сите наведени состојки освен ванилата и шлагот, па изматете со жица додека да се добие мазна конзистентност.
2.Ставете го на шпорет и варете го додека да се згусне со постојано мешање. Кога ќе почне да врие, тргнете го од шпоретот.
3.Додајте ванилин шеќер, измешајте и префрлете го во друг сад. Покријте го кремот со стреч фолија за да не се формира коричка и оставете целосно да се излади.
4.Во изладениот пудинг додајте 1 кесичка шлаг во прав и изматете додека да се изедначи.
5.Во него додајте ги мини бисквитите искршени со раце, измешајте, па префрлете го во поголем сад и израмнете ја површината. Оставете го во фрижидер да се излади.
6.За чоколаден прелив: во соодветно тенџере ставете млеко, шеќер, какао и скроб, па измешајте.
7.Гответе на средна топлина додека да се згусне. Кога ќе почне да врие, додајте чоколадо и путер и мешајте додека да се растопат. Чоколадниот прелив се остава да се подизлади.
8.Откако ќе се излади се излева врз десертот и се израмнува. Декоририрајте со ситно сечкан лешник. Постапката погледнете ја ОВДЕ.