Едноставен и брз ролат од само четири состојки. Ние речиси целата ја изедовме и тоа онака уште жешка… иако е одлична и уште подобра кога е ладна…

Потребни состојки:

500 г готови кори за пита
200-300 г шунка
200-300 г кашкавал (гауда, трапист…)
околу 80 г кисела павлака

Постапка:

Ролатите зависат од количината на корите. Ако имате околу 10 (како во повеќето пакети од купени кори) ставете 2 една врз друга.

Премачкувајте ги корите со кисела павлака, па одозгора ставете трета кора и повторно премачкајте со кисела павлака.

Врз третата кора наредете тенки листови шунка. Па повторно прекријте со 2 кори, премачкајте со кисела павлака и врз неа ставете тенки листови кашкавал или изрендајте го.

Прекријте со остатокот од кори и цврсто свиткајте во ролат. Не е важен распоредот на корите и филот. Распоредот сами направете си го, а корите премачкувајте ги во тенок слој за да има доволно за крајното премачкување одозгора.

Во еден слој ставете шунка, во друг слој кашкавал…и свиткајте. Ролатите редете ги во поголем плех или помал (како мене), па пресечете ги на половина пред печењето. Одозгора премачкајте ги со остатокот од киселата павлака.

Ставете во загреана рерна на 180-190 степени да се печат околу 40-45 минути додека да добијат убава боја. Послужете ги топли со зелена салата, мајонез, кечап, за појадок или вечера, или пак ладна за ужина.

Coolinarika.com