Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска
Потребни состојки:
1 главица кромид
300 г мелено месо
1 морков
1 домат
1 кг пиперки
зачини: сол, вгета, црвен и црн пипер по желба
Постапка:
Кромидот исечкан се пропржува, се додава меленото месо и тоа да се запржи додека да ја смени бојата, потоа се додава морковот исечкан на тркалца, пиперките на парчиња и доматот.
Се пржи на умерен оган додека да омекне, се додава црвен пипер во прав, вегета, сол и црб пипер по желба.
Смесата се префрла во тавче,се додава вода колку да прекрие зајрето. Се става да се пече во загреана рерна на 200 степени.
Пред крај кога е печено се кршат неколку јајца на око, се посолуваат одозгора и се враќаат во рерна да се допечат. Превкусно е јадењето, мора да го пробате.
Француско жиго (Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска)